Ќе пиеме помалку или ќе плаќаме повеќе: Растат цените на кафето и какаото

- Advertisement -

Колку поскапе кафето најдобро покажува официјалната европска статистика. Имено, увозот на кафе во ЕУ во 2023 година бил на исто ниво како во 2013 година, кога биле увезени и 2,7 милиони тони, но вредноста значително се зголемила – за цели 3,3 милијарди евра. Цената на кафето и годинава расте, а во иста насока се движи и какаото, основната состојка на производите од кондиторската индустрија.

Минатата година Европската унија увезла 2,7 милиони тони кафе од земји кои не се членки на ЕУ, во вредност од 10,6 милијарди евра, објави Евростат во октомври. Оваа сума остана речиси стабилна во однос на 2013 година, кога беа увезени и 2,7 милиони тони, но вредноста значително се зголеми – од 7,3 милијарди евра пред десет години на 10,6 милијарди евра лани.

Во изминатите десет месеци, од крајот на 2023 година, цената на кафето арабика е зголемена за повеќе од 70 отсто, додека цената на робуста е зголемена за повеќе од тројно – 230 отсто. Во случајот со какаото, основната состојка на кондиторската индустрија, состојбата со растот на цените е уште подрастична – во мај годинава неговата цена беше пет пати повисока од ланската во овој период, а сега падна на „ само“ три пати повисоко ниво.

Причините, генерално треба да се бараат во послабите жетви поради климатските услови, логистичките проблеми со пристигнувањето на бродовите, шпекулативните активности на средствата на берзите, „и генерално помалата достапност на суровини на пазарот поради зголемување на потрошувачка“.

Сподели ја оваа статија