Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Абдул Јашари од Чаир стана министер во Сирија, а во Македонија се истражуваше неговата ,,улога” во случајот ,,Монструм”
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Абдул Јашари од Чаир стана министер во Сирија, а во Македонија се истражуваше неговата ,,улога” во случајот ,,Монструм”
МАКЕДОНИЈА

Абдул Јашари од Чаир стана министер во Сирија, а во Македонија се истражуваше неговата ,,улога” во случајот ,,Монструм”

Објавено February 18, 2025 09:03
Сподели
Сподели

Абу Катада Албани е во сириската влада и под санкции на САД за тероризам, откако долги години ја предводеше џихадистичката група „Џемати Албан“, која ја сочинуваат претежно Албанци од Косово и Македонија, пишува „Информер.рс“.

Тој е Албанец роден во Скопје, во населбата Чаир на 25 септември 1976 година, под името Абдул Јашари. Албани претходно беше лидер на Фронтот Ал Нусра, што доведе до тоа да се најде на црната листа на американското Министерство за финансии во 2016 година и да биде обвинет за тероризам.

– „Албанските борци одиграа важна улога, не само на теренот, туку и во планирањето и координацијата на операциите“, рече тој.

Според информациите на Телма, тој во Македонија бил дел од истрагата за масакрот кај Смилковско Езеро во 2012 година. Според Телма, заштитен сведок го познал Јашари, но никогаш не бил најден на адреса.

Убиството кај Смилковци кое ја потресе цела македонска јавност се случи на 12 април 2012 година, кога со огнено оружје кај езерото во атарот на селото Смилковци, близу Скопје беа убиени четири момчиња на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани: Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Тричковски, како и Борче Стевковски, 45 години, од селото Црешево.

Обдукцијата врз убиените покажало дека во нив е пукано од три типа огнено оружје, зашто се најдени чаури од три различни типа муниција, што сугерира дека има повеќе од еден извршител на чинот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почнаа преговорите за Украина во Ријад (ФОТО)
Следна Статија МРТВ со „солено“ мени за состанок со ЕБУ: Сирење од 100 евра килограм, морска храна со школки, ракчиња, арборио ориз со шафран…

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Владата го усвои предлогот за разрешување на јавниот обвинител Љупчо Коцевски

Владата на денешната седница го усвои предлогот за разрешување на јавниот обвинител Љупчо Коцевски, информираат од Владата за МИА. По…

February 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Извлечени завеани пет малолетни и едно возрасно лице од село Рајчани

Во 09.53 часот преку единствениот телефонски повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) е…

January 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Попов: Не можам да го сменам минатото, но можам да ја обликувам иднината, затоа се залагам за транспарентност и вистинска правда

Во контекст на обвинувањата кои произлегуваат од кујните на СДС, Левица и ним блиските полуги, а кои упатуваат на брутално…

February 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Обвинителството побрза да реагира по „анонимна“ кривична пријава за Христовски, не ја ни дочека ДКСК

Обвинителството потврди дека примиле „анонимна“ кривична пријава со наводи дека Бојан Христовски, директорот на АНБ, приложил исправа со невистинита содржина,…

November 1, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?