Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Авион излета од пистата во Истанбул- Патниците од летот Приштина–Истанбул спасени
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Авион излета од пистата во Истанбул- Патниците од летот Приштина–Истанбул спасени
СВЕТ

Авион излета од пистата во Истанбул- Патниците од летот Приштина–Истанбул спасени

Објавено December 8, 2025 11:16
Сподели
Сподели

Авион на релација Приштина–Истанбул вчера излетал од пистата по слетувањето на аеродромот „Сабиха Гокчен“ во Истанбул, но за среќа нема повредени патници. Инцидентот се случил во момент кога леталото, по приземјувањето, наместо да продолжи по патеката за рулирање, се нашло на мека земјена површина и застанало на крајот од пистата.

Од Амбасадата на Косово во Турција соопштија дека сите лица во авионот се безбедни.

„Патниците се евакуирани без никаков ризик, преку надворешни скали, без потреба од користење на итните лизгалки. Нема пријавено повредени и сите го продолжија патувањето кон своите дестинации“, наведуваат од амбасадата.

Станува збор за авион на „AJet“, тип „Boeing 737-800“, кој оперирал на летот TKJ76Q / VF102. Инцидентот се случил во услови на силни врнежи, поради што, како што објаснува авиокомпанијата, дошло до излетување при маневрирањето.

„Слетувањето беше целосно регуларно, но поради обилните дождови авионот при движеењето излезе на мека земјена подлога“, информираа од „AJet“.

Турските власти во моментов вршат расчистување на теренот и утврдување на причините за инцидентот. Според првичните проверки, не постои оштетување на структурата на авионот што би довело до дополнителни ризици.

Информацијата беше објавена и на платформата „X“, каде што пишува: „AJet 737-800 излетал од пистата при слетување на аеродромот ‘Сабиха Ѓокчен’. Во моментот имало силни врнежи. Сите патници од летот VF102 од Приштина биле безбедно евакуирани“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Melissa McCarthy Kicks Off ‘SNL’ With Festive Monologue as She’s Toppled by a Snowstorm – The Hollywood Reporter
Следна Статија Историски стар ланец на апарати затвора сите локации

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Нова рунда преговори меѓу Русија и Украина в понеделник

Нова рунда преговори меѓу Русија и Украина е планирана за понеделник, 2 јуни, во Истанбул. Москва објави дека ќе презентира…

May 31, 2025
СВЕТ

(Фото) Шпионот на Путин „падна“ поради селфито во џакузи

Украинецот Јевхен Б. беше уапсен во Кројцлинген, а кој е осомничен дека дејствува како руски агент. Се вели дека набавил…

May 19, 2025
СВЕТ

AFD е најпопуларна партија во Германија

За прв пат откако агенцијата INSA спроведува истражување за Bild, Алтернатива за Германија се појави на првото место За прв…

September 23, 2025
СВЕТ

Трамп го избра Шон Каран за нов директор на Тајната служба

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека го избрал Шон Каран за нов директор на американската тајна служба. Каран беше дел…

January 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?