Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Австрија стои до Македонија во вонредни ситуации и на патот кон ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Австрија стои до Македонија во вонредни ситуации и на патот кон ЕУ
МАКЕДОНИЈА

Австрија стои до Македонија во вонредни ситуации и на патот кон ЕУ

Објавено March 20, 2025 19:00
Сподели
Сподели

Министерката за надворешни работи на Австрија Беате Мајнл-Рајзингер денеска го прими својот колега од Македонија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во Виена, соопшти австриското МНР.

Дискусијата, како што се посочува, била фокусирана на поддршката по катастрофалниот пожар во дискотека во Кочани, во Македонија, како и на блиските билатерални односи и натамошните чекори во процесот на проширување на ЕУ.

По трагичниот пожар во Кочани, се посочува, министерот за надворешни работи Муцунски побара од Австрија помош за згрижување на повредени со изгореници, при што Австриската федерална влада евакуираше шест тешко повредени во Виена и Грац на интензивна медицинска нега.

-Поддршката на Австрија за земјите и луѓето од Западен Балкан за мене се подразбира. Ова особено важи, секако, за итна медицинска помош во таков трагичен случај како што е пожарот во Кочани. Стоиме покрај вас – во тешки итни случаи, како и во заедничката изградба на сигурна и стабилна европска иднина, изјавила министерката за надворешни работи Мајнл-Рајзингер во понеделникот по првиот лет за евакуација.

Во однос на процесот на проширување на ЕУ, министерката за надворешни работи Мајнл-Рајзингер ја повторила силната поддршка на Австрија за брза интеграција на сите земји од Западен Балкан во ЕУ. Таа го поздравила значителниот напредок на Македонија на нејзиниот пат кон членство во ЕУ, но ја истакнала, се додава, важноста од брзо спроведување на неопходните уставни измени.

-Австрија е еден од најголемите поддржувачи на процесот на пристапување на Македонија во ЕУ. За да се унапреди процесот, од суштинско значење е понатамошен напредок во реформите. Иднината на Македонија е во ЕУ, истакнала министерката Мајнл-Рајзингер и ја потврдила геополитичката неопходност од проширувањето на ЕУ за безбедноста на европското и австриското население.

Австрија и Македонија се тесно поврзани преку културните и економските односи. Со над 50 компании, Австрија е најголемиот странски инвеститор во Македонија. Дополнително, односите ги зајакнува одлично интегрираната дијаспора од Македонија. Двете страни, исто така, ја истакнаа важноста на миграцијата и заштитата на границите како важна област на соработка, се наведува во соопштението од Австриското МНР.

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски во Виена замина по посетата утрово во Загреб каде што се наоѓаат пет повредени во страотниот пожар во Кочани, во кој животот го загубија 59 лица, а 176 се повредени. Тој се заблагодари на Хрватска што примила на лекување петмина повредени, истакнувајќи дека Скопје меѓу првите повици со изрази за солидарност и понудена помош ги примил од Загреб.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Роднина на хоспитализирано девојче во Австрија: За 15 минути ни беа обезбедени бесплатни летови, сместување и стручна помош, огромна благодарност до Владата и СОЗР
Следна Статија Гори крајречна трска во атарот на пелагониските села Брод-Гнеотино

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Целосна мобилизација на институциите, МВР работи со сите свои капацитети

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во денешната изјава за медиумите повика на целосна мобилизација на сите институции и потенцира…

March 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонија засега нема да ја признае Палестина, Муцунски не сака да носи избрзани одлуки

Македонија, која е помеѓу малцинството на земји, кои не ја признале Палестина, засега нема да го прави тоа. Според министерот…

September 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Се затвораат административните прашања- ќе се уредува паркинот на Клинички

Владата донесе одлука за решавање на проблемот со паркирањето во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза”. Со оваа одлука, како што информира…

February 10, 2026
МАКЕДОНИЈА

Полицијата одзела документација и извршила разговори со вработени во депонијата Дрисла

Полицијата одзела документација од Јавното претпријатие „Депонија Дрисла“ и извршила разговори со вработените, откако во неа избувна пожар, од кој…

September 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?