Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Автомобил влета во толпа навивачи на Ливерпул, најмалку 50 повредени
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Автомобил влета во толпа навивачи на Ливерпул, најмалку 50 повредени
СВЕТ

Автомобил влета во толпа навивачи на Ливерпул, најмалку 50 повредени

Објавено May 27, 2025 09:11
Сподели
Сподели

Најмалку 50 лица, меѓу кои четири деца, се повредени во „ужасен“ инцидент во Ливерпул, откако автомобил удри во толпа луѓе за време на прославата на шампионската титула на фудбалскиот клуб Ливерпул, јави ДПА.

Помошник-комесарот на полицијата во Мерсисајд, Џени Симс, изјави дека настанот, кој се случи на државен празник, не се третира како терористички чин и најверојатно е изолиран случај. На местото на инцидентот е уапсен 53-годишен маж, кој е идентификуван како возач на автомобилот – белец од Ливерпул.

Според полицијата, 27 лица се пренесени во болница, а уште 20 се лекувани на самото место. Четири деца се меѓу повредените, од кои едното е со сериозни повреди. Двајца од повредените се во тешка состојба

Шефот на противпожарната служба во Мерсисајд, Ник Сиерл, рече дека пожарникарите успеале да спасат четири лица, вклучувајќи и дете, кои биле заглавени под автомобилот.

Видео снимки што кружат на интернет прикажуваат како автомобилот забрзува и удира пешаци од двете страни на улицата преполна со луѓе. Сведоци се обиделе да го сопрат возачот, кој подоцна бил приведен од полицијата.

Очевидецот Лес Винспер (55) за „Гардијан“ изјави: „Луѓето почнаа да удираат по прозорците. Ги скршија, тој се исплаши и нагази на педалата за гас. Удри едно лице, тоа одлета во воздух и потоа продолжи да гази и други.“

Друг сведок, Мајк Мадра, рече дека автомобилот „сврте лево, се качи на тротоарот и се забрза кон зградите“, додавајќи дека изгледало како намерно да удира луѓе.

„Овие сцени во Ливерпул се ужасни – моите мисли се со сите повредени и засегнати, порача британскиот премиер Киер Стармер, – Секој, особено децата, треба да може да ги слави своите херои без вакви ужаси, додаде тој.

Поранешни фудбалери на Ливерпул изразија шок и сочувство, а Премиер лигата објави дека е „згрозена од настанот и ги поддржува сите повредени и нивните семејства“.

Парадата на Ливерпул, на која присуствуваа илјадници навивачи и покрај дождот, траеше три и пол часа и опфати 16 километри низ градот.

Car has ploughed into fans after the Liverpool parade. wtf 🤬 pic.twitter.com/wvOHH1oV30

— Mark (@MTheaugod) May 26, 2025
Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нивните банани ја „покриваат“ Европа, а тие штрајкуваат веќе еден месец
Следна Статија Испукани 30 куршуми во куќа во Тетово, нема повредени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Орбан: Не е трик, сериозно сфатете ја нуклеарната закана на Путин

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, еден од ретките европски лидери кој е во добри односи со рускиот претседател Владимир Путин, вели…

November 23, 2024
СВЕТ

Илон Маск донираше 75 милиони долари за кампањата на Трамп

Во објавата на социјалната мрежа Икс, Маск посочи дека ќе одржи серија разговори низ Пенсилванија. Пенсилванија се смета за клучна…

October 16, 2024
СВЕТ

(ВИДЕО) Бајден гласаше во Делавер

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска гласаше во американската сојузна држава Делавер за кандидатката на демократите Камала Харис. Бајден, кој се…

October 28, 2024
СВЕТ

Шефот на најголемата американска банка го „одврза јазикот“ против царините на Трамп

Џејми Дајмон, извршен директор на најголемата американска банка JPMorgan, предупреди на негативните последици од царинската политика на претседателот на Соединетите…

April 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?