Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Автопатот Скопје – Блаце ќе почне да се гради следната година, треба да биде завршен за 3 години
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Автопатот Скопје – Блаце ќе почне да се гради следната година, треба да биде завршен за 3 години
ЕКОНОМИЈА

Автопатот Скопје – Блаце ќе почне да се гради следната година, треба да биде завршен за 3 години

Објавено September 26, 2025 10:26
Сподели
Сподели

Министерот за транспорт и врски Александар  Николоски очекува изградбата на автопатот Скопје – Блаце да почне да се гради следната година.

– Тој проект се реализира со поддршка на ЕБРД. Рокот за поднесување за понуди истекува на 30 септември. Ќе ги видиме понудите и заедно со ЕБРД ќе направиме селекција и зависно од бројот на понуди очекувам меѓу крајот на ноември и почетокот на јануари во зависност од временските услови изведувачот да биде воведен во работа – изјави Николоски.

Рокот за изгрaдба е три години од почетокот на активностите.

Автопатот е долг само 12 километри и почна да се гради пред 5 години. Тој  беше еден од приоритетните проекти на претходната влада, а главен координатор за неговата реализација беше поранешниот вицепремиер Артан Груби. Тој ветуваше дека до крајот на мандатот автопатот ќе биде завршен.

Иако проектот беше проценет на речиси 250 милиони евра, до крајот на мандатот на претходната влада беа изградени само 2 километра.

Проектот за изградба на овој автопат датира од  2014 година, кога беше најавен како еден од приоритетите за инфраструктруниот развој на државата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија УЕФА идната недела ќе донесе конечна одлука за евентуална суспензија на Израел
Следна Статија Општина Аеродром поднесе кривична пријава против ЈП „Комунална хигиена“ поради загрозување на животната средина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Андреа Серафимовски реизбран за претседател на Здружението за градежништво при Стопанската комора на Македонија и во наредните 5 години

Здружението за градежништво, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на  Македонија ја одржа својата редовна седница на…

November 19, 2025
ЕКОНОМИЈА

(ФОТО) Мицкоски на средба со претставници од Германско-македонската стопанска комора

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на настан организиран од Германско-македонската стопанска комора, кој, како што вели бил одлична можност за…

November 19, 2025
ЕКОНОМИЈА

Пренџов: Буџетската расправа треба да е дискусија за бројки и проекти, а не обид за подгревање на меѓуетнички тензии

Љупчо Пренџов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната расправа одржана во рамките на Комисијата за финансирање и Буџет во…

November 19, 2025
ЕКОНОМИЈА

Поскапува мазутот, цените на бензините и на дизелот не се менуваат

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС од полноќ се зголемува за 1,254 денари и еден килограм ќе чини 44,034 денари,…

October 10, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?