Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Агелер: Владата е посветена во борбата против корупцијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Агелер: Владата е посветена во борбата против корупцијата
Blog

Агелер: Владата е посветена во борбата против корупцијата

Објавено December 17, 2025 10:25
Сподели
Сподели

Амбасадорката на САД во Македонија, Анџела Агелер  гостувеше во дневникот на ТВ Сител.

Таа одговори на прашање дали верува дека македонската Владата се бори против корупција, а беше спомнат и случајот со трагедијата во Кочани.

Секако гледам дека луѓе во Владата и судството кои се навистина посветени на тоа и ги поздравувам и им благодарам затоа што искрено се како гласови во пустина. Се надевам дека повеќе луѓе ќе им се придружат бидејќи тоа е правилно да се направи. Некои работи се правилни и едноставно, треба да се направат. И ова е случај каде што има луѓе кои се навистина посветени да се постигне правда за овие семејства, за жртвите, за заедницата, но е потребен тимски напор за да се постигне тоа – рече амбасадорката.

Таа искажа надеж дека повеќе луѓе ќе се обединат за тоа да се случи.

Агелер беше прашана дали според неа борбата против корупција напредува или стагнира.

Јас сум Американка и сум оптимист, но навистина верувам искрено и забележувам посебно во последните, веројатно неколку месеци дека, и дел од тоа е Кочани, дека има ниво на свесност и ниво на препознавање какво што порано немаше. Тоа е придружено со одреден замор, кога патувам низ земјата зборувам со студенти, родители, градоначалници и луѓе понекогаш слушате вистинско помирување дека тоа е така и дека нема да се менува. Но интересно, последниве месеци, дел од тоа беа и локалните избори, и видовме нови млади лидери кои рекоа ќе го направиме ова поинаку. Луѓето сега зборуваат на начин што покажува дека не само што се свесни, туку и следат поблиску од порано. Мислам дека бараат одговорност од своите избрани претставници, одговорноста е неверојатно моќна работа без разлика дали зборувате за локалниот совет или не само за избрани функционери, туку наставници, доктори, вие сте платени да правите одредена работа, работете си ја – посочи таа.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Гугл воведува ажурирање за оригиналните Pixel Buds Pro слушалки
Следна Статија Конзервативната победа во Чиле предизвикува политички земјотрес

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

5 прашања, 5 одговори: Семинолите повторно самите си нанесоа пораз против NC State

Анализа на предизвикот и научените лекции од натпреварот

November 23, 2025
Blog

Тесла продолжува да паѓа во Европа: Продажбата опадна за 44 отсто во првите два месеци

Американскиот производител на електрични автомобили минува низ оваа ситуација поради политичките изјави на својот шеф Илон Маск. Неодамнешните изјави на…

March 22, 2025
Blog

10 размислувања за вештачката интелигенција, изданието во февруари 2026 година

Размислувања за тековниот развој и влијание на вештачката интелигенција во средината на февруари 2026 година, разгледани низ призмата на човечкото…

February 16, 2026
Blog

Локални избори: ВМРО-ДПМНЕ 56 општини, СДСМ 6

Со вчерашното прегласување завршија локалните избори во Македнија. ВМРО-ДПМНЕ победи во вкупно 56 општини во државата.СДСМ во 6. Тоа е…

January 12, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?