Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Адвокатот Страшевски бара Палевски да се ослободи од вина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Адвокатот Страшевски бара Палевски да се ослободи од вина

Адвокатот Страшевски бара Палевски да се ослободи од вина

Објавено June 20, 2025 11:50
Сподели
Сподели

Јовица Страшевски, бранителот на Љупчо Палевски – Палчо, побара ослободителна пресуда за неговиот клиент во врска со убиствата на Вања Ѓорчевска (14) и пензионерот Панче Жежовски.

Тој тврди дека обвинителството не може да докаже дека Палчо има вмешаност, и дека Палевски не ги сторил убиствата.

„Предлагам обвинитетиот Љупчо Палевски да се ослободи од вина, оти според обвинителниот акт не е јасно какви дејствија преземал. Околу целата постапка ниту преземал одредени дејствија кои му се ставаат на товар со другите обвинетите, а ниту поттикнал, ниту наведувал другите обвинети да сторат нешто. Иако истрагата не беше почната, пресудата беше донесена, а медиумите истото го пренесуваа без пресумпција на невиност. Јавноста креираше јавно мислење со предвремена пресуда за обвинетиот. Обвинителството не докажа ниту разумно сомневание ниту докажа тоа што му го става на товар на Љупчо Палевски. Обвинителството уште 10 години да се труди да ги докажува нивните тези, нема да ги докаже. Затоа што на сите им стана јасно дека Палевски не ги сторил убиствата“, рече Страшевски во завршниот збор и додаде:

„Палевски е обвинет со обвинителен акт со само 17 докази. Но, нема ниту еден конкретен доказ кој ја докажува неговата вина. Докази во овој судски процес не постојат“, рече тој.

Страшевски презентираше снимки на кои се гледаат Велибор Манев и Боре Видевски.

„Се поставува прашањето зошто е убиена Вања, а не Миња, ќе додадам. Обвинителството не докажа зошто е грабнато девојчето. Често бев прашуван зошто киднаперите се одлучиле да ја грабнат Вања, или биле во план двете девојчиња? Одговор не добивме ниту од полицијата, ниту од обвинителството. Дали Кешишев тргнал со полиција да го откпува телото на Вања и дали притоа свесно биле уништени голем број докази?“, праша Страшевски.

Додаде дека уште на првата прес конференција била нарушена пресумпцијата на невиност. Во врска со обвинителството дека Палевски нема алиби, Страшевски рече дека на Палевски не му треба алиби, затоа што обвинителството нема докази против него.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Жена загина прегазена на тротоар во Охрид
Следна Статија Манев го откри идентитетот на лицето што го уништило синиот ранец на Палчо

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Одбраната и Обвинителството со спротивставени ставови за психичката состојба на Штекли, Судот ќе решава дали ќе има супер вештачење

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска заврши сослушувањето на вештите лица од Oбвинителството во случајот „Штекли“. Судечкиот совет најави дека…

October 9, 2025
ХРОНИКА

На Меѓународниот аеродром Скопје откриени непријавени 150 илјади британски фунти

Царинските службеници на Меѓународниот аеродром Скопје, при контрола на патник, странски државјанин, кој патувал кон Лондон, открија 150 илјади британски…

March 7, 2026
СПОРТ

(Видео) Аталанта среде Торино му одржа час по фудбал на Јувентус

Фудбалерите на Аталанта на Јувентус му одржаа фудбалска лекција во Торино, кој изгледаше како тим кој се бори за опстанок,…

March 10, 2025
ХРОНИКА

Обвинителство: Има материјални докази дека Палчо е сторител на двојното убиство

Има материјални докази кои го поврзуваат првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо со убиствата на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски,…

November 25, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?