Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Адидас и Најк во битка за американскиот пазар, германската компанија сака поголем удел
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Адидас и Најк во битка за американскиот пазар, германската компанија сака поголем удел
Blog

Адидас и Најк во битка за американскиот пазар, германската компанија сака поголем удел

Објавено March 5, 2025 17:34
Сподели
Сподели

Германскиот производител на спортска облека „Адидас“ сака да добие поголем дел од американскиот пазар за сметка на актуелниот лидер на пазарот „Најк“, а успехот на оваа мисија ќе биде клучен за континуираниот успех на баварската компанија.

Многу големи компании не се сигурни во закрепнувањето на побарувачката во Кина и затоа се фокусираат на клиентите од Соединетите држави и ги гледаат како двигатели на нивниот раст во 2025 година.

Аналитичарите на швајцарската банкарска групација UBS предупредуваат дека европските брендови имаат проблем да се етаблираат на американскиот пазар.

Продажбата на Адидас во Северна Америка падна за седум отсто на годишно ниво во третиот квартал од 2024 година, бидејќи сè уште не се опорави целосно од скандалот што доведе до повлекување на неговите патики Yeezy, популарни во САД.

Има надеж за пресврт во американскиот бизнис бидејќи вкупните резултати на Адидас се многу добри, пренесува Ројтерс.

Глобалниот приход од продажба на германската компанија порасна за 19 отсто на годишно ниво во четвртиот квартал од 2024 година и за 12 отсто во целата 2024 година.

Спротивно на тоа, продажбата на Nike падна за девет отсто на годишно ниво во кварталот што завршува на 30 ноември.

„Разликата помеѓу растот на Адидас и Најк во моментов е огромна“, вели Томас Џекел, портфолио менаџер во Union Investment.

Тој очекува приходите на Адидас да пораснат за најмалку 10 проценти оваа година, додавајќи дека САД и поширокиот северноамерикански пазар се „клучно бојно поле“ за германскиот бренд.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се зголемува бројот на младите пациентки со рак на дојка
Следна Статија Клековски: Годишно меѓу 120 и 150 пациентки болни од рак на дојка ќе може да се оперираат на товар на Фондот на Клиниката за пластична хирургија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

„БлекРок“ ги прекина преговорите за фондот за Украина по изборната победа на Трамп

Американската компанија за управување со инвестиции „БлекРок“ ја прекина потрагата по инвеститори за фондот за закрепнување на Украина на почетокот…

July 5, 2025

Заштита од реклами за цел живот со само 40 долара

Никогаш повеќе да не видите реклама

January 26, 2026
Blog

Интел го лансира Core Ultra Series 3 со најновиот 18A процес

Нови чипови наменети за високо-квалитетни преносни компјутери, лансирани овој месец

January 7, 2026
Blog

EУ од денеска воведува 35 посто царина за автомобили од Kина

Европската комисија денеска со уредба воспостави дополнителни царини за електричните автомобили увезени од Кина, што ги смета за нелојална конкуренција.…

October 31, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?