Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Администрацијата на Трамп разгледува визни рестрикции за 41 земја
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Администрацијата на Трамп разгледува визни рестрикции за 41 земја
СВЕТ

Администрацијата на Трамп разгледува визни рестрикции за 41 земја

Објавено March 15, 2025 12:35
Сподели
Сподели

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп разгледува широки ограничувања за влез на граѓани од 41 држава, јави Њујорк Тајмс.

Според нацрт-списокот, десет земји, меѓу кои Авганистан, Иран, Сирија, Куба и Северна Кореја, би биле целосно исклучени од издавање визи. Втората група од пет земји би била подложена на делумна забрана, што ќе ги погоди туристичките, студентските и други имиграциски визи. Третата група од 26 држави би се соочила со привремено запирање на визите ако нивните влади не преземат мерки за подобрување на безбедносните проверки во рок од 60 дена.

Анонимен американски официјален претставник предупредил дека конечниот список може да претрпи измени и дека мерките сè уште не се одобрени од администрацијата, вклучувајќи го и државниот секретар Марко Рубио.

На 20 јануари Трамп потпиша указ со кој се засилуваат безбедносните проверки за странските државјани што сакаат да влезат во САД. Според директивата, до 21 март треба да се подготви финален список на земји за кои ќе се воведат ограничувања.

Списокот земји за кои се однесуваат ограничувањата, според американските медиуми се следниве:

Целосна суспензија на визи: Авганистан, Куба, Иран, Либија, Северна Кореја, Сомалија, Судан, Сирија, Венецуела и Јемен.

Делумна суспензија на визите (засегнати туристички, студентски и други визи): Еритреја, Хаити, Лаос, Мјанмар и Јужен Судан.

Земји под ризик од делумна суспензија (доколку не се решат безбедносните недостатоци): Ангола, Антигва и Барбуда, Белорусија, Бенин, Бутан, Буркина Фасо, Кабо Верде, Камбоџа, Камерун, Чад, Демократска Република Конго, Доминикана, Екваторијална Гвинеја, Гамбија, Либерија, Малави, Мавританија, Пакистан, Република Конго, Сент Китс и Невис, Света Луција, Сао Томе и Принципе, Сиера Леоне, Источен Тимор, Туркменистан и Вануату.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Омерагиќ: ФФМ е во минус од еден милион евра
Следна Статија Филипче: Недозволиво е да се користи гневот на граѓаните за да се присвои судството од ВМРО-ДПМНЕ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Прв говор на новиот папа: Да си помагаме едни на други, да градиме мостови

Новиот поглавар на Католичката црква, папата Лав XIV, вечерва се појави на главниот балкон на базиликата „Свети Петар“ и пред…

May 8, 2025
СВЕТ

Како да се однесувате во војна? Во Шведска, Финска и Норвешка се делат брошури…

Милиони Швеѓани почнаа да добиваат брошури со совети за населението како да се подготви и да се однесува во случај…

November 18, 2024
СВЕТ

Трамп нареди две нуклеарни подморници да се преместат поблиску до Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека наредил две нуклеарни подморници да бидат „позиционирани во соодветните региони“ како одговор на „многу…

August 2, 2025
СВЕТ

Канада најави царини за одредени американски производи

Канада од утре воведува царини на одредени американски производи, како одговор на „неоправданите и неразумните“ царини воведени од американскиот претседател…

March 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?