Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: АЕК бара одложување на реваншот со Алкалоид
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > АЕК бара одложување на реваншот со Алкалоид
СПОРТ

АЕК бара одложување на реваншот со Алкалоид

Објавено May 25, 2025 21:11
Сподели
Сподели

Коментаторот на грчката национална телевизија информира дека раководството на АЕК бара одложување на натпреварот со Алкалоид, поради неприсуството на невините навивачи во СЦ „Борис Трајковски“, јави дописничката на МИА од Грција.

Ракометарите на АЕК одбиваат да го почнат натпреварот со Алкалоид додека нивните навивачи не дојдат во салата. На официјалното претставување пред реваншот од ЕХФ Европскиот куп, играчите на грчкиот тим беа до теренот, но не истрчаа, бидејќи ги нема нивните најавени 200 навивачи.

Според информациите во грчките медиуми, на македонско-грчката граница биле пуштени само 200 навивачи, а исто толку биле вратен назад.

Во салата има место обезбедено за Грците.

Од АЕК во текот на денот преку соопштение ги информираа нивните навивачи дека „по утрински безбедносен состанок и покрај упорноста и титанскиот напор на клубот да обезбеди што е можно повеќе билети за натпреварот, локалните власти на земјата донесоа непопустлива одлука дефинитивно да доделат 200 билети.

Спортскиот портал „Еноси“, што е специјализиран за вести поврзани со екипите на АЕК во сите спортови, нешто помалку од еден час пред натпреварот, објави дека неколку автобуси со навивачи на АЕК се задржани на граничниот премин и не им е дозволен влез и дека „раководството на АЕК, на состанок со ЕХФ, јасно стави до знаење дека тимот нема да излезе на терен, ако на навивачите не им биде дозволено да ја преминат границата.

Натпреварот требаше да почне во 20:30 часот и веќе доцни половина час.

На првиот меч пред седум дена во Атина, Алкалоид победи со 29:25.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Скандал во „Борис Трајковски“, АЕК одбива да го почне натпреварот со Алкалоид без нивните навивачи да дојдат во сала
Следна Статија Таравари: Вознемиреност со чувство на вина, победата во октомври е многу блиску

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Стојановски: Без разлика на каков терен ќе играме, ние сме подготвени

Македонската фудбалска репрезентација утре ќе му гостува на Казахстан во својот четврти натпревар во квалификациите за Светското првенство 2026. „Црвено-жолтите“…

June 8, 2025
СПОРТ

Роналдо го изведе најлошиот пенал во својата кариера (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо сам изнуди пенал, но истиот не го реализираше. Кога се чинеше дека данскиот голман нема шанси против Португалецот,…

March 24, 2025
СПОРТ

Ред Бул го отпушти Хорнер!

Шефот на тимот на Ред Бул во Ф1, Кристијан Хорнер, е отпуштен. Шокантни вести од Формула 1 велат: Ред Бул…

July 9, 2025
СПОРТ

Како ја прославија титулата навивачите на Наполи? ВИДЕО

Фудбалерите на Наполи се шампиони на Серија А за сезоната 2024/25. Тимот на Антонио Конте го освои Скудетото по втор…

May 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?