Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: АЕК го продолжи рокот за конечна одлука за трет мобилен оператор, сега е 12 јануари идната година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > АЕК го продолжи рокот за конечна одлука за трет мобилен оператор, сега е 12 јануари идната година
ЕКОНОМИЈА

АЕК го продолжи рокот за конечна одлука за трет мобилен оператор, сега е 12 јануари идната година

Објавено November 24, 2025 19:34
Сподели
Сподели

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) информира дека ги продолжи роковите од тендерската документацијата за трет мрежен оператор во државава, а на барање на единствениот понудувач на тендерот „Оне Македонија телекомуникации“ на унгарски „Фор-ај-џи“. Според Одлуката на АЕК, краен рок за донесување одлука за избор на најповолен понудувач сега е 12 јануари 2026 година, додека за доделување одобрение за користење на радиофреквенции рокот е 25 февруари 2026 година.

Како што посочуваат од АЕК, одлуката за продолжување на роковите е донесена на 21 ноември годинава, врз основа на молбата поднесена од „Оне Македонија Телекомуникации“ ДООЕЛ Скопје на 20 овој месец.

Понудите за тендерот беа отворени на 22 август годинава, кога Комисијата за спроведување на Јавниот тендер со јавно наддавање констатираше дека сите документи ги исполнуваат условите пропишани во тендерската документација и се согласно закон, но поради локалните избори, конечната одлука за избор на најповолниот понудувач беше одложена за по изборите.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Доделени стипендиите „Борис Трајковски“ за постдипломски студии на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк во Солун
Следна Статија Судење за пожарот во „Пулс“: Почнува произнесувањето на вина од страна на обвинетите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

ДПИ: Има зголемувања на цените во малопродажба

Директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски денеска на прес-конференција во Владата информираше дека има одредено зголемување на цените во…

June 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Broadcom постигна рекордни приходи и раст во областа на вештачката интелигенција во Q4 2025

Broadcom бележи импресивен пораст од 24% во годишните приходи, со забележителен скок од 65% во приходите од вештачка интелигенција, истовремено…

December 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

ССМ на 28. јануари излегува на протест

Претседателот на Советот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов информира дека донеле одлука за протест во среда на 28-ми јануари.…

January 24, 2026
ЕКОНОМИЈА

За 10 денари повисоки цените на цигарите

Некои од најпопуларните брендови на цигари, вклучувајќи ги Родео, Бос, Давидов и Вест, од вчера имаат повисоки цени, односно се…

October 17, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?