Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Азески: Договорот за минималната плата да ги има предвид економските параметри
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Азески: Договорот за минималната плата да ги има предвид економските параметри
ЕКОНОМИЈА

Азески: Договорот за минималната плата да ги има предвид економските параметри

Објавено April 14, 2025 22:07
Сподели
Сподели

Утврдувањето на износот на минималната плата насекаде е условен од одредени економски критериуми. Минималната плата треба да се утврдува во рамки на социјалниот дијалог, но договорот да се заснова врз бруто домашниот производ односно да ги има предвид економските параметри.

Како што посочи претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, Комората не е против покачување на минималната плата, но таа треба да биде формирана врз основа на докажувачки параметри.

Лично јас секогаш сум бил минималната плата според критериумите да биде утврдена на највисоко ниво. Секогаш сум бил на страната на потрошувачката, мислам дека тоа е основа, да се создава, а не да се штеди. Да се создава и да може да се покриват трошоците. Штедењето е домаќинска работа и му одговара на нашиот народ, но јас како бизнисмен сакам да создавам што повеќе и да ги покривам трошоците. Ја поддржувам таа иницијатива, немам никаков проблем ако тоа го покажат пресметките, рече Азески одговарајќи на прашања на медиумите по денешната средба со бизнисмените од Охрид.

Што се однесува на одлуката на американската администрација за воведување тарифи за македонските производи, Азески истакна дека САД се стратешки партнер на Македонија, тука државата нема многу можности за алтернативи.

Тоа се уште не е завршено, секојдневно слушаме за некакви промени. Веројатно американската администрација прави атмосфера за разговор на таа тема, секој ќе си го каже своето мислење. Ние ќе се бориме за правата на економијата, за царините, но почитувањето кон САД треба да остане како кон изразито стратешки партнер и тоа да се решава преку разговор што е единствен услов за напредок…Формулата за решавање на се е разговор и трпеливост. Бизнисот бара брзина, политиката наметнува трпеливост. Оттаму заклучокот, економијата на екомистите, политиката на политичарите. Почитување на стратешкото партнерство со САД, подобрување на односите со Германија како најголем трговски партнер. Македонија не смее да ги запостави евроатлантските интеграции, ниту регионалната соработка. Ние сме премногу мали за какви било авантури, треба на сите позиции и места да бидеме позитивно поставени да учествуваме во сите преговори и разговори, рече Азески.

Азески во оваа прилика посочи на голем интерес на домашните компании за инвестициски активности, конкретно за искористување на средствата од унгарскиот кредит, што е поразлично од почетните анкети спроведени од Комората кога испитувањата покажуваа интерес идентичен на износот понуден со кредитот.

Сегашната состојба е дека има двојно поголема побарувачка од средствата што се на располагање. Силен мотицивациски фактор за инвестициски ориентираните компании беше должината на враќањето на кредитите. Мислам дека во наредниот период треба да се поттикнат и банките во своите услуги да понудат кредини линии со можност за отпата на подолг период…рече Азески.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кандидатите за Програмскиот совет на МРТВ ги образложија кандидатурите пред собраниската комисија
Следна Статија Google Street View повторно на улиците на Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Од идеја до бизнис со помош на државата, Владата обезбеди 40 милиони евра

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска престојуваше во Тетово каде што оствари работна посета и средба со граѓани,…

June 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Бислимовски: Нефер однесувањето на енергетскиот пазар ќе се казнува со дел од приходот

Со новиот Закон за енергетика, на регулаторот му се доделуваат сериозни ингеренции во процесот на пазарното поврзување со соседните земји…

November 6, 2024

Од центри за податоци во бањи до сервери во вселена: Како енергетската криза го преобликува cloud computing

Развивачите на центри за податоци почнуваат креативно да размислуваат

December 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Од велешка Маслодајна бараат намалување на ДДВ за сончоглед од 10 на 5 отсто, а на суровото масло како суровина за производство на зејтин зголемување на ДДВ од 5 на 10 отсто

Прехранбената индустрија „Кристал 1923“ АД Велес попозната како Маслодајна оваа година откупи 4.950 тони домашен сончоглед и увезе 2.262 тона…

November 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?