Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Азески избран за в.д претседател на Коморскиот инвестициски форум
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Азески избран за в.д претседател на Коморскиот инвестициски форум
ЕКОНОМИЈА

Азески избран за в.д претседател на Коморскиот инвестициски форум

Објавено June 13, 2026 17:02
Сподели
Сподели

Претседателот на Стопанската комора на  Македонија, Бранко Азески, е избран за вршител на должност претседател на Коморскиот инвестициски форум (КИФ), кој ги обединува стопанските комори од регионот на Западен Балкан.

На седницата одржана во Белград, Република Србија, Азески беше едногласно избран со мандат да спроведе темелни корекции во структурата на КИФ и на Бизнис советот, составен од најголемите компании од регионот.

Во рамки на седницата беа донесени и повеќе одлуки, меѓу кои и иницијатива за изработка на студија за Регионален тренинг и сертификационен центар, чија реализација ќе биде поддржана од Германската развојна банка (KFW).

Азески зад себе има долгогодишно искуство во регионалното коморско поврзување – двапати ја предводеше Асоцијацијата на балкански комори, веќе 11 години е потпретседател на КИФ, а повеќе од две децении ја извршува функцијата претседател на Стопанската комора на Северна Македонија.

Коморскиот инвестициски форум, со седиште во Трст, е основан во 2015 година во рамки на Берлинскиот процес, инициран од поранешната германска канцеларка Ангела Меркел. Форумот претставува глас на приватниот сектор во регионот, застапувајќи околу 350.000 компании од земјите на Западен Балкан. КИФ е формиран од шесте национални стопански комори од регионот, со цел унапредување на меѓусебната соработка и реализација на заеднички активности од интерес за бизнис-заедницата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Скопјанец бил пресретнат од три автомобили, го тепале, а потоа киднапирале и фрлиле во селото Шишево
Следна Статија Народната банка го објави Конкурсот за Годишната награда за млади истражувачи за 2027 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Трајановски: Нови клучки на експресниот пат Крива Паланка – Страцин за подобар пристап и поголема безбедност

По пуштањето во употреба на делницата Крива Паланка – Страцин, се јави потреба од дополнителни клучки за подобра поврзаност со…

October 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Од денеска јавно ќе се објавуваат цените на маркетите – трговците бараат одложување

Од денеска стапува на сила нова обврска за сите големи трговци на мало – јавно објавување на цените на производите…

April 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Вредноста на доларот порасна по договорот Трамп-Си

Доларот порасна во однос на кошничка валути минатата недела втор пат по ред, дури и откако американската централна банка ги…

November 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Македонија ќе има најниски цени на горива во регионот, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека со владините мерки се очекува Македонија да има најниски цени на горивата во регионот, дури…

March 22, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?