Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Азески-Рокас: Приватниот сектор ќе биде еден од клучните двигатели на евроинтегративниот процес на земјата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Азески-Рокас: Приватниот сектор ќе биде еден од клучните двигатели на евроинтегративниот процес на земјата
ЕКОНОМИЈА

Азески-Рокас: Приватниот сектор ќе биде еден од клучните двигатели на евроинтегративниот процес на земјата

Објавено March 5, 2025 17:59
Сподели
Сподели

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески денеска одржал работен состанок со амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија, Михалис Рокас.

На средбата главен фокус на разговорите биле економските перспективи на земјата во контекст на евроинтегративниот процес, можностите за забрзување на процесот и подготвеноста на македонската економија да заземе активна улога во исполнување на критериумите и обрските кои произлегуваат од истиот.

Како што соопштија од Стопанската комора на Македонија, Азески го запознал Рокас со моменталните економски состојби во државата, чекорите кои Стопанската комора ги презема за подготовка и јакнење на конкурентноста на нашите компании, со цел да бидат подготвени за ЕУ пазарите и усогласување со ЕУ законодавството, вклученоста на Комората во регионалните иницијативи и соработката со ЕУ институциите.

  • Бизнис-заедницата е подготвена да ги прифати неопходните реформи, но за нивна успешна имплементација е потребна предвидлива бизнис-клима и силна поддршка од институциите. Приватниот сектор има клучната улога во процесот на пристапување кон ЕУ и затоа ЕУ е и останува клучен партнер за македонскиот бизнис, нагласил Азески.

Во разговорот амбасадорот Рокас истакнал дека е потребна политичка храброст за Северна Македонија да продолжи напред, но посочил дека го охрабрува фактот што бизнис-секторот го поддржува евроинтегративниот процес и најави дека во иднина приватниот сектор ќе биде еден од клучните двигатели.

На состанокот, на кој присуствувал и генералниот секретар на Коморскиот Инвестициски Форум( ЗБ6-КИФ ) Татјана Штерјова Душковска, се отворило и прашањето за активностите на Стопанската комора на регионален план.

  • Постои активен дијалог со институциите на ЕУ, и КИФ е вклучен во креирање и имплементација на акцискиот план за заедничкиот регионален пазар, потенцирала Штерјова Душковска, се наведува во соопштението.

Амбасадорот Рокас ја поздравил иницијативата за креирање на Бизнис- Клуб Европа при Стопанската комора на Северна Македонија, иницијатива посветена на поддршка на македонските компании во процесот на економска интеграција во ЕУ.

  • Ова тело ќе функционира како платформа за поврзување на бизнисите со институциите на ЕУ, за спроведување на реформи, усогласување со европските регулативи и подобрување на конкурентноста на пазарот на ЕУ, се додава во соопштението.

Јадранка Аризанковска, советник за ЕУ интеграции во Комората, на состанокот истакнала дека вклучувањето на амбасадорите на земјите-членки на ЕУ предводени од ЕУ амбасадорот во активностите на Клуб Европа може значително да го зајакне процесот на економска интеграција и да ги подобри можностите за соработка помеѓу македонските компании и ЕУ бизнисите. Амбасадите, посочила, можат да играат клучна улога во поврзувањето, финансиската поддршка и преносот на знаење, што ќе придонесе кон подобра подготовка на македонската економија за пристапување во ЕУ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нема застареност за набавката на „Аудито“, Мерко останува обвинет
Следна Статија Дурмиши: СДСМ се служи со лаги и невистини, инспекторите од ДИТ се превземени во Министерството за економија и труд, исплатени им се сите заостанати плати

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски не очекува струјата да поскапи повеќе од три отсто

На неколку дена пред доставување на понудата на Електрани на Македонија (ЕСМ) за цената на електрична енергија по која ќе…

November 12, 2024
ЕКОНОМИЈА

Николоски: До март следната година ќе имаме комплетни проекти за сите косини на автопатот Охрид-Кичево

Еден од најголемите проблеми на автопатот Охрид – Кичево се косините на трасата бидејќи навреме не се испитувала геологијата на…

November 29, 2024
ЕКОНОМИЈА

За 95 проценти од синдикатите на УПОЗ, прифатлив е договорот со Владата за зголемување на платите за 40 проценти, велат од УПОЗ

За 95 проценти од досега изјаснетите синдикални организации на УПОЗ прифатлив е договорот со Владата зголемување на платите за 40…

February 6, 2026
ЕКОНОМИЈА

Се намалува цената на дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со…

April 27, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?