Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Ако задоцневме 12 секунди, немаше да излеземе“, сведочат преживеани од пожарот во „Пулс
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > „Ако задоцневме 12 секунди, немаше да излеземе“, сведочат преживеани од пожарот во „Пулс
ХРОНИКА

„Ако задоцневме 12 секунди, немаше да излеземе“, сведочат преживеани од пожарот во „Пулс

Објавено April 9, 2026 19:47
Сподели
Сподели

Сведочењата на денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ даваат многу потресна и детална слика за тоа како се одвивале настаните кобната ноќ. Според сведоците, пожарот избувнал во моментите кога во објектот имало голем број посетители. Огнот се проширил исклучително брзо, за само неколку десетици секунди зафаќајќи го таванот, што предизвикало паника и целосен хаос меѓу присутните.

Сведокот Мартин Димитров раскажа дека огнот започнал околу 2:30 часот по полноќ.

„Ја фатив девојка ми и ја истуркав заедно со другарка ѝ. На масата остана една девојка, не сакаше да излезе, и јас и нејзиниот дечко ја фативме за раката. Се истуркавме до излезот, каде што се заглавивме малку, и ако подзадоцневме 8-12 секунди, немаше да излеземе. Надвор беше хаос и имаше многу луѓе. Додека бев на првата скала, се свртев назад и сѐ беше темно, почнаа да пукаат светилките“, рече Димитров.

Луѓето почнале да се туркаат кон единствениот излез, при што настанала опасна гужва. Некои од сведоците опишуваат дека успеале да се спасат во последен момент, буквално за неколку секунди, додека други останале заглавени во внатрешноста. Дел од присутните биле извлекувани со помош на други лица, а во некои случаи спасувањето се одвивало и преку импровизирани отвори во ѕидовите. Имало и случаи на губење на свест поради чад и метеж.

Посебно загрижува тоа што, според изјавите, во објектот речиси и да немало противпожарна опрема, ниту пак јасно организирана евакуација. Сведоците исто така потврдуваат дека во дискотеката имало и малолетници, што отвора дополнителни прашања за почитување на законските прописи. Повеќемина го поврзуваат избувнувањето на пожарот со употреба на пиротехнички средства за време на настапот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Секој сам ќе може да каже дали сака да дарува органи
Следна Статија Забрана за риболов на Дојранско езеро

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

(ВИДЕО) Казнет возачот кој со „ауди“ возеше по тротоар на Бит Пазар!

Полицијата денеска го пронашла, извршила службен разговор и го санкционирала возачот кој на 28-ми овој месец возел со автомобил по…

March 31, 2025
ХРОНИКА

Македонка почина на плажа во Грција

Жена од Македонија починала на плажа во местото Метармофози во општина Ситонија на Халкидики, објавува „Халикидики њуз“. Жената била на…

June 21, 2025
ХРОНИКА

Тепачка во затворот Идризово

На 15.01.2025 во 13.38 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека на 14.01.2025…

January 16, 2025
ХРОНИКА

Во тешка сообраќајка загина Живко Пејковски, поранешен пратеник

Во сообраќајна незгода денеска загина Живко Пејковски, поранешен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на затворот „Идризово“. Веста…

November 29, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?