Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ако минималната плата се зголеми без економска поткрепа, ќе бидат отпуштени многу работници, вели Дурмиши
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ако минималната плата се зголеми без економска поткрепа, ќе бидат отпуштени многу работници, вели Дурмиши
ЕКОНОМИЈА

Ако минималната плата се зголеми без економска поткрепа, ќе бидат отпуштени многу работници, вели Дурмиши

Објавено September 12, 2025 19:20
Сподели
Сподели

Минималната плата се утврдува според економскиот прогрес, порастот на продуктивноста и нивото на трошоците за живот.

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, во одговор на пратеничко прашање изјави дека: “Ад хок предлог за зголемување без економска покрепа и без да се направи анализа ќе направи директен притисок кај малите и средни претпријатија кои се столбот на економијата”.

Како последица на ова, дополни тој, ќе следи отпуштање на голем број работници, како и повторно зголемување на инфлацијата и пораст на цените кои ќе влијаат на социјалните случаи или сиромашните семејства.

Тој посочи дека предлогот на опозицијата предвидува минималната плата ад хок да се зголеми на 30 илјади денари и дека тоа не е изводливо без претходно да бидат исполнети потребните услови. “Првично имаме една формула како се одредува минималната плата – 50 проценти од зголемување на претходната плата и зголемување трошокот на животот претходната година”.

“Овој механизам е во склад со синдикатите, работнците и е еден кој е во практика и во Европа и кај нас. Ги штити работниците, обезбедува ги обезбедува интерсите и реалните капацитети на домашната економија”, рече Дурмиши, одговарајќи на прашањето на пратеничката од СДСМ, Јована Тренчевска, за зголемување на минималната плата.

Во државата, дополни тој, минималната плата е на средина споредено со европските држави. Според него, најниска минимална плата имаат Албанија, Србија и Бугарија.

Министерот рече дека како Влада презеле многу мерки за стабилизирање на инфлацијата и раст на економијата. “Според нашите информации во август 2025 година инфлацијата била 4,4 проценти. Годишно 4,1 значи во цените на малопродажба и имаме мало зголемување од 0,2 проценти. На цените сме постигнале со мерките кои ги имаме да ги стабилзиираме”.

“Сакам да ве потсетам во времето кога вие бевте на власт во 2022 година инфлацијата беше 14,2 проценти. Во 2023 година беше 9,4 проценти. Значи овие се цифри кои сериозно му отежнуваат на семејниот буџет на граѓаните додека денес во 2025 и овој месец за кој зборуваме инфлацијата е преполовена и е стабилна”, рече Дурмиши.

Ова, дополни тој, не е случајност, туку е резултат на конкретните чекори кои ги презеле како власт со цени кои се уредени и каде е најнеопходно да се излезе во пресрет на семејствата. “За оваа учебна година имаме мерка која е активна, ја обезбедивме семејната кошница, секое семејство да заштеди од 2000 до 3000 денари”.

“Најголемиот притисок кој произлегува од прехранбените производи е од претходната власт значи домашното производство го намали и донесе субвенции на непотребни места и без стратегија. Исто така имаме и прехранбени производи кои се на берза светска берза и како Влада таму не можеме да влијаеме”, рече министерот за економија и труд.

Тој потенцираше дека сите мерки кои ги презело Министерството не се неосновани. “Напротив, вели, сме покажале одговорност, сме спровеле политики кои носат стабилност на цените, стабилност на економијата.”

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Утре во Кочани нема да се одржи „Маршот на ангелите“
Следна Статија Реџепи: Има повици за војна со Албанците

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

(ВИДЕО)Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека…

January 7, 2026
ЕКОНОМИЈА

Неделава ќе биде познато дали Владата ќе го прифати предлогот на Комората на трговци

Министерството за економија и труд неделава се очекува да се изјасни по предлогот даден од страна на новата Комора на…

February 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Раст на индустриското производство од 2,8 отсто во октомври

Индустриското производство во октомври 2025 година е зголемено за 2.8 % во однос на октомври лани, објави денеска Државниот завод…

November 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Домашни компании добија добија финансиски средства за воведување на ИСО и ХАЛАЛ стандарди

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши деенска ги додели решенијата за исплата на средства на мали и средни претпријатија…

November 15, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?