Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ако се реализира процесот на постепена интеграција и станеме дел од ЕУ, Бугарија нема да може да стави вето – смета Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ако се реализира процесот на постепена интеграција и станеме дел од ЕУ, Бугарија нема да може да стави вето – смета Мицкоски
МАКЕДОНИЈА

Ако се реализира процесот на постепена интеграција и станеме дел од ЕУ, Бугарија нема да може да стави вето – смета Мицкоски

Објавено February 21, 2026 18:30
Сподели
Сподели

Местото на Македонија е во Европа, а поранешни корумпирани и мекотели политичари ја доведоа државата во ситуација наместо за иднината да зборуваме за минатото, напиша на својот фејсбук профил премиерот Мицкоски.

Еден народ, една нација треба да е мудра и трпелива, да не носи избрзани одлуки, ниту пак одлуки под притисок. Затоа за еден народ и една нација, нема поголемо зло од корумпирани таканаречени лидери на таа нација, мекотели, луѓе коишто се мекото ткиво на нацијата и коишто, за жал, се изнагледавме во минатите години и децении на македонската политичка сцена.

И тие се тие коишто не доведоа до оваа ситуација во којашто денеска се наоѓаме, наместо да преговараме за вредности, за владеење на правото и за некои други стандарди, ние денеска преговараме за билатерални прашања коишто не водат никаде.

Овој народ ја бранел вратата на Европа со векови, верувал во тие европски вредности и ќе продолжи така за да може денеска Европа да биде тоа што е. Јас сум убеден дека и во годините коишто следат и по мене, и по тие по мене ќе имаме луѓе и водачи на оваа нација, народ и држава коишто ќе бидат свесни за своето минато вековно и ќе знаат тоа вистински да го вреднуваат и ценат. И местото на овој народ и оваа држава е во Европа.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Принцот Вилијам: Нема место за Ендру и Хари во новата монархија
Следна Статија Д-р Жан Митрев дава силна поддршка: Клиниката подготвена за комплексни трансплантациски операции

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ако се донесат измените: Судија ќе има плата над 5.000 евра

Kлучните измени кои Македонија треба да ги донесе како дел од реформската агенда се поврзани со правосудството. Тоа се неколку…

September 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Смртни закани добива Вајц од бугарски екстремисти поради Извештајот за Македонија

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, откри дека бил мета на жестоки напади и закани по неговиот живот,…

July 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Делегација на Венецијанската комисија на разговори во Уставниот суд

Делегација на Венецијанската комисија, предводена од потпретседателот Мартин Кујер, вчера го посети Уставниот суд и имаше средба со претседателот на…

September 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Од новиот државен јавен обвинител очекувам немилосрдно да застане на страната на правдата

„Многу важно е што ние не сакавме да бидеме како дел од минатите влади, односно да се однесуваме насилнички и…

January 3, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?