Сточарите очекуваат итна исплата на субвенциите за 2025 година. Сточарите од Карбинци се заканија со протести, информира Тв Стар.
Итна исплата на субвенциите за сточарите до 20 март, побараа сточарите во Карбинци. Тие велат дека нерентабилното работење со години наназад и неисплатените субвенции им штетат. Не се доисплатени субвенциите на одгледувачи на овци за 2024 година, а по грло не се исплатени субвенции за 2025 за кравите, овците и козите.
„Гледаме дека од страна на директорката има интерес да не исплатат нас, но бараме и од министерството да ја поддржат и да ја исплатат што побргу. Ако нема исплата после 20 сти, ние сме организирани да излеземе на прoтест. Причината за несиплатеноста е поради задолжителниот закон што беше за заклано јагне во кланица. Тука имаат проблем и со ветернарните станици со кланиците што не доставиле забелешки. За жал има многу од вистинските сточари што им фалат по едно до десет јагниња, за тоа бараме да се најде решение. Цената е навистина слаба, многу ниска и на секоја страна сме во лоша ситуација. Цената од 230 до 250 денари е ниска, а треба да е 300.“, вели Џемаили.
Директорката на агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој Даниела Иротова на денешната средва со сточарите во карбинско, стоеше со ставот дека сите сточари кои го исполниле условот, ги добиле средствата за претходните години. За 2025 таа кажа дека се уште се обработува и дека истата ќе ја достават до министерствотот за финансии, кои ги диктираат средствата
,,Се обидувам да направам една динамика на исплата на редовно сервисирање на обврските, иако морам да признаам дека ние бевме затекнати со обврски кои што не беа исплатени 2023, 2024 и 2025 цела програма не е исплатена. Се обидуваме во рамки на можностите на буџетот кои што го имаме да ги испалтиме сите пред се заостанати обврски со тоа што сега за сега само еден месец 30 дена кои што во овој период исплативме 1 милијарда и 400 000 денари заостанати обврски и во трезор имаме доставено уште 540 милиони денари, кои што може и дел од нив можат да се испалтат до крајот на месецот. Продолжуваме со динамиката како што ги исплативме овоштарите и градинарите за Св. Трифун. Во реговори сме со висината на средствата кои што ги имаме да испалтеме мерки кои што претежно биле засегнати и немаат со години земано субвенции, така група се сточарите, кои што беа во 2024 та со мерката.“, рече Иротова.