Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Активирана фаза три: Денеска многу топло со 41 степен
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Активирана фаза три: Денеска многу топло со 41 степен
МАКЕДОНИЈА

Активирана фаза три: Денеска многу топло со 41 степен

Објавено July 5, 2025 09:32
Сподели
Сподели

Топлотниот бран што ја зафати земјава и денеска носи многу високи температути кои ќе достигнат до 41 степен. Ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 41 степен.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 41 степен.

Поради високите температури од вчера е активирана фазата 3 од Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотни бранови, а Владата донесе препораки за заштита на населението.

Ослободување од работни обврски за бремени жени и лица постари од 60 години. Не се однесува на вработени во критичната инфраструктура (здравство, полиција, армија, транспорт, енергетика, јавни комунални претпријатија). Одложување на работниот процес од 11 до 17 часот за работници изложени на директна топлина, работа од далечина, флексибилно или двократно работно време, каде што е изводливо, обезбедување микроклиматски услови за работа од страна на работодавачите согласно акцискиот план односно простории со температура до 25 степени Целзиусови, освен таму каде природата на работниот процес налага поинаку.

Мерките имаат цел да обезбедат континуирана и ефикасна заштита на здравјето на населението преку превентивно дејствување  посочуваат од Министерството за здравство. Додаваат дека заедно со сите надлежни институции ќе продолжат со редовно информирање и спроведување на мерките, со цел заштита на здравјето на граѓаните.

Со почетокот на летото и летните горештини здравствените работници советуваат граѓаните да бидат внимателни и да се заштиттат од силните сончеви зраци. Да не се излегува надвор без потреба.

Топлотниот бран што ја зафати земјава, според УХМР, ќе трае до средината на наредната седмица.

Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.

Освежување се очекува од среда кога ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Расте македонскиот извоз,одлична вест за македонската економија
Следна Статија 4iG Групација ја зајакнува стратешката одбранбена соработка со Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Кирил и Методиј ни го оставија најголемиот подарок — писмото, словото, гласот на нашиот идентитет

Чествување на браќата Кирил и Методиј кои се темелот на писменоста на словенските народи и основачи на словенската азбука Глаголица…

May 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Скоро 1000 бесправно изградени објекти се регистрирани лани во Македонија

Во Македонија, вкупно 911 бесправно изградени објекти се регистрирани во текот на 2025 година, според податоците објавени од Државниот завод…

July 1, 2026
МАКЕДОНИЈА

Утре во Скопје ќе има оосебен режим на сообраќај

Утре (29.03.2026) со почеток во 10:00 часот, во Скопје, ќе се одржи атлетска трка на 10 км со траса на…

March 28, 2026
МАКЕДОНИЈА

Намален бројот на основци и средношколци во 2024/2025 споредено со претходната учебна година

На почетокот на учебната 2024/2025 година, во редовните основни училишта во државава имало 180 627 ученици, што е намалување за…

April 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?