Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Активни пет пожари- и понатаму гори кај селото Николиќ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Активни пет пожари- и понатаму гори кај селото Николиќ
МАКЕДОНИЈА

Активни пет пожари- и понатаму гори кај селото Николиќ

Објавено July 14, 2025 17:44
Сподели
Сподели

Пет активни пожари на отворен простор има денеска на територијата на Македонија. Пожарот кај селото Николич, Општина Дојран, каде што гори нискостеблеста шума, и натаму е на врвот од приоритетите на Дирекцијата за заштита и спасување, како и пожарот во Општина Чучер-Сандево, во близина на селото Горњани, каде што, исто така, гори нискостеблеста шума. Се вложуваат напори да се изгасне и пожарот кај селата Џидимирци и Крушје во Општина Велес, каде што гори мешана шума. Во Општина Липково, кај селото Отља, гори деградирана ниска вегетација, а во Македонски Брод се запалени и горат дабова шума, грмушки и трева на просторот помеѓу селата Црешнево, Локвица, Крапа и Слатина.

Според информации на Центарот за управување со кризи, денеска се изгаснати и се држат под контрола пожарите кај населбата Три Багреми во Прилеп, кај виничкото село Драгобрашта, селото Војшани во Општина Демир капија и селото Франгово во Општина Струга.

Надлежните велат дека голем број од пожарите се подметнати, иако некои се резултат на превисоките температури што владеат деновиве. Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ посочува дека се споделуваат снимки во јавноста од кои се гледа дека лица потпалуваат пожари, како што е видеото во Делчево на кое се гледа дека човек потпалува пожар, а потоа бега од местото.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Можни се рестрикции на вода во Скопје
Следна Статија Ќе поскапи изградбата на автопатот Кичево-Охрид

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Од понеделник 38 степени

Сончево и топло, а попладне нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со засилен…

June 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Oд опозицијата мислат дека се родени за да бидат на власт, ние сметаме дека сме предодредени да работиме и се жртвуваме за својот народ

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ синоќа од Струмица по повод 36 роденден на ВМРО-ДПМНЕ кој се одбележува под мотото ,,Македонија забрзува,…

June 18, 2026
МАКЕДОНИЈА

Обновена билатералната соработка меѓу уставните судови на Македонија и Србија по 15 години

Делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија, предводена од претседателот д-р Дарко Костадиновски, судиите Добрила Кацарска, д-р Осман Кадриу,…

July 10, 2026
МАКЕДОНИЈА

Земјотрес во Македонија

Земјотрес со јачина од 2,7 степени предмалку е регистриран во тетовскиот регион. Според податоците од ЕМСЦ, земјотресот бил на длабочина…

August 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?