Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Акција на Финансиска и ОЈО ГОКК: Приведени се повеќе лица поради сомнежи за корупција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Акција на Финансиска и ОЈО ГОКК: Приведени се повеќе лица поради сомнежи за корупција
ХРОНИКА

Акција на Финансиска и ОЈО ГОКК: Приведени се повеќе лица поради сомнежи за корупција

Објавено June 2, 2026 18:55
Сподели
Сподели

Повеќе лица се приведени под сомнежи за корупција во рамки на акција што денеска ја спроведува Управата за финансиска полиција во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОПЈО ГОКК).

Од Финансиска информираат дека во текот на денешниот ден, овластени службени лица, постапувајќи по наредби издадени од судија на претходна постапка и под раководство на надлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК, вршат претреси на домови, деловни простории и лица на повеќе локации.

Акцијата, како што се вели во соопштението од Финансиска, произлегува од предистражна постапка насочена кон откривање и документирање на повеќе кривични дела од областа на финансискиот криминал и корупција.

„Постојат основи на сомнение дека делата се извршени од службени и други лица што го искористиле своето влијание, општествена положба и углед со цел стекнување противправна имотна корист од големи размери“,велат од Финансиска.

Од ОЈО ГОКК потврдија дека во координација со Финансиската полиција се спроведува акција поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела од коруптивна природа.

Оттаму посочија дека акцијата е во тек и засега не можат да откријат повеќе детали.

Меѓу приведените е и поранешен директор на Царинската управа и ексградоначалник на Општина Карпош од редовите на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) поради сомнежи за злоупотреби при спроведување на постапки за јавни набавки.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Антонио Кошта пристигна во Скопје
Следна Статија (ВО ЖИВО) Прес на Кошта со Мицкоски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Обвинителството истражува кој го запали автомобилот на обвинителот Бајрами

Во утринските часови во Куманово изгоре автомобилот на обвинителот Џелал Бајрами. Според првите неофицијални информации, лица кои ги користеле уреди…

December 2, 2024
ХРОНИКА

Жена пријавена за исчезната

На 27.12.2024 година во 15:00 часот во СВР Куманово З.М.(36) пријавила дека од домот во село Цветишница, општина Старо Нагоричане…

December 28, 2024
ХРОНИКА

Со боксови нападнати таткото и братот на Невена Спасеска за време на роденден на детето

Синоќа на роденденска прослава на детето на Невена Спасеска, се случил инцидент во кој физички биле нападнати нејзиниот татко и…

September 4, 2025
ХРОНИКА

Распишана централна потерница за четири лица во врска со пожарот во дискотеката во Кочани, до моментов загинати 59 лица, 155 повредени

Распишана е централна потерница за четири лица, во врска со пожарот во дискотеката во Кочани, кој избувна синоќа, а во…

March 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?