Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Алармантно: Прва цигара на 13 години – пушат над 40% од младите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Алармантно: Прва цигара на 13 години – пушат над 40% од младите
МАКЕДОНИЈА

Алармантно: Прва цигара на 13 години – пушат над 40% од младите

Објавено October 2, 2025 17:52
Сподели
Сподели

Превенцијата во рана возраст е клучна за одбегнување на злоупотребата на штетните материи како алкохол, цигари и дрога, а образованиот процес е најдобар начин за превенција и одбегнување на злоупотребата на штетните материи, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска во рамки на регионалната работилница. „Јакнење на соработката меѓу медиумите, експертите и институциите за подобри политики за контрола на тутунот и заштита на јавното здравје во Западен Балкан“, во организација на Аналитика тинк-тенк.

На оваа регионална работилница се зборува за една горлива и многу сериозна тема, злоупотребата на тутунот и електронските цигари кај младите. Она што е навистина поразително е штетното влијание на здравјето. Тоа мора да го превенираме и Министерството за образование и наука и Владата преземаат определени чекори првенствено за превенција, за да ги избегнеме трошоците за лекување во подоцнежите години, нагласи Јаневска.

Таа потсети дека новина од оваа година е воведување на предметот „Учам за моето здравје“.

Она што го правиме во образованието, кое всушност е најдобар начин за превенција и одбегнување на злоупотребата на штетните материи, е дека и во основното и во средното образование во различни предмети се присутни теми за здравствена писменост. И еве една новина во седмо одделение, оваа година е воведен изборен предмет ‘Учам за моето здравје’, рече Јаневска.

Министерката истакна дека во новите законски решенија за основно и средно образование ги задолжиле училиштата да спроведуваат програми против дискриминација, против насилство, против малолетничка деликвенција, но и против злоупотреба на овие супстанции – тутунот, алкохолот и дрогата.

Дополнително во изминатиот период е почната една програма со Канцеларијата за борба против дрога и криминал на ОН и со Меѓународната фондација Лајонс клуб за превенција од ваквите негативни појави, која се вика „Вештина за адолесценција“, и која беше запрена во перидот на ковидот. За жал минатата влада не покажала интерес оваа програма да продолжи. Во неа треба да се обучат 50 стручни соработници и 150 наставници, во 50 училишта како да се превенираат несаканите појави во училиштата. Оваа влада реши да ја продолжи оваа програма и обуката на крајот на оваа година продолжува за да можеме да ја оствариме својата цел, информира Јаневска.

Тамара Мијовиќ Спасова од Аналитика тинк-тенк истакна дека Македонија сè уште се рангира како земја со една од повисоките стапки на пушење.

Факт што нас нè загрижува е што нашите анализи покажуваат дека младите во Македонија покажуваат сериозна стапка на пушење. Она што можеме да го направиме и како тинк тенк, и како цело општество, е да реагираме соодветно. Прво на младите под 18 години – анализите ни покажуваат дека им се забранува продажба и при продавање значи треба да се почитува законската регулатива. Најважна е и едукацијата и превенцијата да почнуваат од многу рана возраст. Од рано да ги едуцираме младите дека генерално пушењето е штетно и да развиваат пиозитивни навики, рече таа.

Според неа, она што е најфрапантно е тоа што анализите покажуваат дека веќе на 13-годишна возраст младите почнуваат да пушат.

И штом толку мали ја почнуваат таа навика, значи веќе многу е веројатно дека тие веќе и во нивниот подоцнежен период ќе останат пушачи. Четириесет проценти од младите што се до 18 години, пушат. Затоа кажав дека бројките се алармантни. Треба да работиме на превенција на овие лоши навики, а не пак да имаат претстава дека новите производи што се нудат на пазарот, како електронските цигари, се некоја безбедна варијанта којашто нема да им пречи. А според новите студии, сепак не се толку безбедна варијанта на цигарите, рече Мијовиќ Спасова.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Милевски верува дека Македонија може да ја изненади Белгија: Покажавме дека можеме да играме против сите
Следна Статија Андоновски: Дигиталните реформи се двигател на подобри услуги и помалку бирократија за граѓаните

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Нашата борба е да го направиме животот овде вреден, да изградиме држава во која надежта е поважна од пасошот

Во политиката често зборуваме за кризите што ги гледаме, за оние што доаѓаат со драматични вести, со протести, со економски…

July 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пожар на Скопска Црна Гора

Попладнево изби пожар на отворен простор на Скопска Црна Гора, над скопското с. Раштак. Во гаснењето учествуваат повеќе екипи на…

September 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Toшковски најави функционален систем за управување со кризи

Потребно е време за да има системски решенија за справување со пожари, поплави, земјотреси во земјава, како и создавање на…

January 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Костадиновски: Законодавецот ги ограничил правата на граѓаните со измените на Изборниот законик

Уставниот суд, со мнозинство гласови, донесе одлука и поведе постапка за оцена на уставноста на членовите 17 и 18 од…

February 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?