Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Албанезе реизбран за премиер на Австралија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Албанезе реизбран за премиер на Австралија
СВЕТ

Албанезе реизбран за премиер на Австралија

Објавено May 3, 2025 17:36
Сподели
Сподели

Ентони Албанезе обезбеди втор мандат како премиер на Австралија во времетраење од три години, според првичните резултати. Засега Лабуристичката партија освои 76 пратенички места во Претставничкиот дом, и го победи лидерот на Либералите кој освои 36 од вкупно 150 места. Тој е познат по своите прогресивни политики за социјална правда, климатски промени и достапно домување.

Oпозицискиот лидер Питер Датон кој се надеваше изборите да ги круниса со победа јавно призна пораз, и му упати честитки на Албанезе.

„Не се справивме доволно добро за време на оваа кампања, тоа е очигледно вечерва и јас ја прифаќам целоснo одговорностa за тоа. Претходно, му се јавив на премиерот за да му честитам за неговиот успех вечерва. Ова е историски момент за Лабуристичката партија и ние го признаваме тоа“ изјав Питер Датон, лидер на Либерална партија.

Граѓаните на Австралија имаат законска обврска да гласаат на избори, а ако не го остварат својот глас ќе добијат казна од 20 австралиски долари. Скоро сите гласачки места беа полни, а многумина од гласачите велат дека според нив главните проблеми кои треба да се решат се трошоците за живот и домување, социјалните политики и прашањата за климатските промени.

„Мислам дека главниот проблем за мене би бил кризата со трошоците за живот, само се обидувам да се осигурам дека секојдневните работи се сè уште достапни“ вели жителка на Австралија.

„Веројатно како млад човек кој работи, трошоците за домување“ додава австралиска жителка.

„Се надевам дека ќе има промена, но дека ќе биде добра промена“ потенцира австралиски гласач.

Изборите се одржуваат во време каде двете политички партии го опишаа како период, опфатен со високи трошоци за живот. Годишната инфлација во Австралија достигна врв од 7,8 отсто. Додека цените на становите и кириите исто така скокнаа, поради високите царини воведени од САД. Во предизборниот период Либералите ветија дека ќе изгради седум нуклеарни централи финансирани од владата низ цела Австралија, кои би произведувале електрична енергија, додека Лабуристите ветија дека енергетската мрежа на Австралија ќе се напојува од обновливи извори.

Новоизбраниот премиер на меѓународен план досега се стремеше да го зајакне глобалното влијание на Австралија со соработка меѓу САД и Велика Британија, додека водеше двојна стратегија со Кина како најголем трговски сојузник.

Победата на лабуристите го прави Ентони Албанезе првиот австралиски премиер кој победил на реизбор, откако Џон Хауард тоа го направи пред две децении.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трагедија во прилепско: Момче загина во судир со мопед кој го возел негов врсник
Следна Статија Маж пронајден во провалија, имал тешки повреди

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Идентификувани 113 пoвредени во пожарот во Швајцарија, меѓу нив и од Србија и БиХ

Смртоносниот пожар што избувна во бар во швајцарското алпско одморалиште Кран Монтана за време на прославата на Новата година, во…

January 3, 2026
СВЕТ

Израелскиот претседател положи венец во Бонди на почетокот на контроверзната посета

Повисоки еврејски лидери го поздравија Исак Херцог, но про-палестинските групи велат дека не требало да биде поканет.

February 10, 2026
СВЕТ

Избувнување на Еширихија коли во САД поради плескавица од Мекдоналдс: „Изворот може да биде кромид“

Едно лице почина, а десетици се разболеа од труење со храна поврзано со плескавиците од Мекдоналдс „Квартер Паундер“ во неколку…

October 23, 2024
СВЕТ

Трамп му предложи на канадскиот премиер да станат 51-та држава на САД

Доналд Трамп му предложи на канадскиот премиер Џастин Трудо минатата недела дека ако царините за неисполнување на трговските и имиграциските…

December 3, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?