Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Албанија бара работници за туристичката сезона
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Албанија бара работници за туристичката сезона
БАЛКАН

Албанија бара работници за туристичката сезона

Објавено February 16, 2025 17:34
Сподели
Сподели

Секое второ слободно работно место во Албанија денес е во туристичкиот сектор. Во пресрет на шпицот на летната туристичка сезона, баровите, рестораните и хотелите во земјава страдаат од недостиг од келнери, шанкери, готвачи, хигиеничари, но и од возачи, туристички водичи и менаџери.

-Во пресрет на масовната летна сезона има над 2.000 слободни места. Главно се работи за персонал во кујна. Целото јужно крајбрежје бара работници. Се нудат високи плати, вели Кујтим Дервиши од Здружението на ресторани и гостилници.

Додава дека најголем предизвик, оваа сезона, за тур-операторите е обезбедувањето квалитетна услуга, која е под притисок од недостиг на работници.

-Овој недостиг, особено на квалификувани човечки ресурси, се претвора во директен трошок за сите воопшто и за туризмот особено. Ја повикавме и владата на состаноците што ги имавме да им понудиме што можеме да им понудиме на иселениците за да можат да се вратат и да работат во Албанија, посочува Дервиши.


Според него по речиси 5-годишен „бесплоден експеримент“ за ангажирање работна сила од странство, сега сите погледи се насочени кон стручните училишта во земјава, кои треба да бидат изворот на работната сила што е потребна.
Туристичкиот сектор во земјата, директно и индиректно, вработува над 200 илјади луѓе секоја година. Оваа бројка лани достигна над 260 илјади, додека прогнозите се дека во текот на оваа година бројката ќе биде над 300 илјади.
Минатата година Албанија забележа рекордна бројка на туристи. Ја посетиле над 11,7 милиони туристи што е за 15,2 отсто повеќе од 2023 година

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Доаѓа студен бран со врнежи од снег
Следна Статија Во тешка несреќа загина возач од Струмица

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Виолетовата медуза во делови на Грција, еве што да правите ако ве пецне

Во морските делови во близина на градот Волос, во централниот и северниот дел на Евија и кај островите Скијатос и…

June 26, 2025
БАЛКАН

Во Хрватска нов бојкот во продавниците; „Нема да се откажеме додека не почне бранот попусти“, вели организаторот

Денес во Хрватска започна нов општ бојкот на продавниците. Предложен е бојкот на сите продавници и бензински пумпи, а пазарувањето…

February 7, 2025
БАЛКАН

Две балтички земји на Вучиќ не му даваат прелет кон Москва

Литванија и Латвија официјално го забранија летот на авионот од Србија до Москва на 9 мај, во кој требаше да…

May 7, 2025
БАЛКАН

Завршна декларација од Самитот ЕУ-Западен Балкан: Забрзувањето на пристапниот процес е заеднички интерес

Иднината на Западниот Балкан е во ЕУ и затоа уште еднаш ја потврдуваме нашата целосна и недвосмислена посветеност на перспективата…

December 17, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?