Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Албанија бара работници за туристичката сезона
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Албанија бара работници за туристичката сезона
БАЛКАН

Албанија бара работници за туристичката сезона

Објавено February 16, 2025 17:34
Сподели
Сподели

Секое второ слободно работно место во Албанија денес е во туристичкиот сектор. Во пресрет на шпицот на летната туристичка сезона, баровите, рестораните и хотелите во земјава страдаат од недостиг од келнери, шанкери, готвачи, хигиеничари, но и од возачи, туристички водичи и менаџери.

-Во пресрет на масовната летна сезона има над 2.000 слободни места. Главно се работи за персонал во кујна. Целото јужно крајбрежје бара работници. Се нудат високи плати, вели Кујтим Дервиши од Здружението на ресторани и гостилници.

Додава дека најголем предизвик, оваа сезона, за тур-операторите е обезбедувањето квалитетна услуга, која е под притисок од недостиг на работници.

-Овој недостиг, особено на квалификувани човечки ресурси, се претвора во директен трошок за сите воопшто и за туризмот особено. Ја повикавме и владата на состаноците што ги имавме да им понудиме што можеме да им понудиме на иселениците за да можат да се вратат и да работат во Албанија, посочува Дервиши.


Според него по речиси 5-годишен „бесплоден експеримент“ за ангажирање работна сила од странство, сега сите погледи се насочени кон стручните училишта во земјава, кои треба да бидат изворот на работната сила што е потребна.
Туристичкиот сектор во земјата, директно и индиректно, вработува над 200 илјади луѓе секоја година. Оваа бројка лани достигна над 260 илјади, додека прогнозите се дека во текот на оваа година бројката ќе биде над 300 илјади.
Минатата година Албанија забележа рекордна бројка на туристи. Ја посетиле над 11,7 милиони туристи што е за 15,2 отсто повеќе од 2023 година

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Доаѓа студен бран со врнежи од снег
Следна Статија Во тешка несреќа загина возач од Струмица

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Во Тирана натпревар Албанија–Србија: Мобилизиран најголем број полицајци

Околу 2.000 припадници на полицијата ќе бидат ангажирани за гарантирање на безбедноста за утрешниот квалификациски натпревар за Светското првенство во…

June 6, 2025
БАЛКАН

Банкомати со високи провизии за подигнување пари има низ целиот хрватски брег

Банкомати кои не се во сопственост на ниту една реномирана банка и кои наплаќаат високи провизии за подигнување пари никнуваат…

June 16, 2025
БАЛКАН

Внимавајте каде паркирате: Солун воведува блокатори на тркала за непрописно паркирани возила

Со цел спречување на непрописното паркирање, општина Солун од денеска воведува блокатори на тркала што ќе се поставуваат на автомобили…

August 8, 2025
БАЛКАН

Не сме на продажба: Во Албанија продолжуваат протестите против комплексот на зетот на Трамп

Илјадници граѓани во Тирана протестираа против планот за изградба на луксузен туристички комплекс вреден околу 1,4 милијарди евра на островот…

June 6, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?