Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Албанија отвори нов кластер во преговорите за членство во ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Албанија отвори нов кластер во преговорите за членство во ЕУ
БАЛКАН

Албанија отвори нов кластер во преговорите за членство во ЕУ

Објавено September 16, 2025 19:51
Сподели
Сподели

Албанија направи нов значаен чекор во преговорите за членство во Европската Унија, отворајќи го Кластерот 4, кој се однесува на зелената агенда и одржливата поврзаност. Овој кластер опфаќа четири поглавја: транспорт (14), енергија (15), трансевропски мрежи (21) и климатски промени (27).

– Албанија врши импресивна работа. Ако продолжи со ова темпо, ќе ги отвори сите кластери оваа година, изјави комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, пред шестата конференција за пристапување на земјата.

Откако ги започна преговорите во јули 2022 година, Албанија значително го забрза спроведувањето на реформите. Во октомври минатата година беше отворен Кластер 1 (основни права), во декември Кластер 6 (надворешни односи), а во март и април оваа година беа отворени Кластер 2 (внатрешен пазар) и Кластер 3 (конкурентност и инклузивен раст).

Со отворањето на Кластер 4, останува уште само Кластер 5 – кој ги опфаќа ресурсите, земјоделството и кохезијата – за да Албанија ги комплетира сите клучни области пред завршетокот на годината, ако се исполнат предвидувањата на Кос.

Комесарката потсети дека процесот на проширување се базира на резултати. – Албанија покажува дека позитивните промени се возможни со силно лидерство. Ако владата го направи својот дел, Европската комисија ќе обезбеди поддршка од своја страна, истакна Кос.

Таа, исто така, упати порака до другите земји од регионот, потенцирајќи ја клучната улога на владите во процесот на пристапување.

– Ако владата навистина покаже проевропска ориентација, граѓаните добиваат чувство дека земјата се движи во вистинската насока, рече Кос.

Европската Комисија ја поддржува визијата на Владата на Албанија, предводена од Еди Рама, преговорите да бидат завршени до крајот на 2027 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Или ќе бидеш моја, или ќе бидеш мртва- Росица сведочела за заканата од Илија
Следна Статија ИЈЗ: Нема радиоактивност во воздухот и почвата во Трубарево, ниту тешки метали во водата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Во Црна Гора се воведуваат првите затворски казни за лажни дипломи

Заострувањето на казнената политика кога станува збор за поседување лажни или невистинити образовни документи резултираше со првите затворски казни за…

December 25, 2025
БАЛКАН

Во Турција откриени и запленети фалсификувани девизи во вредност од 100 милиони евра

Турската полиција во Истанбул откри и заплени фалсификувани банкноти американски долари, саудиски ријали и египетски фунти во вредност од околу…

May 30, 2025
БАЛКАН

Во Атина судири меѓу полицијата и граѓаните, уапсени 72 лица

Во предградието на Атина, Егзархија, околу полноќ дошло до судири меѓу полицијата и група непознати лица во близина на полициската…

April 13, 2025
БАЛКАН

Скандал ја тресе Грција: Свештеници вложувале во ноќни клубови, проневериле 3 милиони евра

Претседателот на грчката управа за спречување перење пари, поранешен заменик обвинител на Врховниот суд, Хараламбос Вурлиотис, ги замрзна банкарските сметки…

October 25, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?