Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Албанија почна со уривање на дивоградби, кај Валона срушен трикатен објект (ВИДЕО)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Албанија почна со уривање на дивоградби, кај Валона срушен трикатен објект (ВИДЕО)
БАЛКАН

Албанија почна со уривање на дивоградби, кај Валона срушен трикатен објект (ВИДЕО)

Објавено August 11, 2025 13:19
Сподели
Сподели

Владата на Албанија продолжува со обемна операција за отстранување на бесправно изградени објекти, како дел од стратегијата за пристапување во ЕУ до 2030 година, а денес се започна со рушење на значајни градби.

Премиерот Еди Рама на социјалните медиуми објави видео од демолирањето на трокатна конструкција – дивоградба во туристичката зона Радим, во Валона, нарекувајќи го ова уште еден чекор во битката против беззаконието.

Во својата објава на Фејсбук, Рама истакнува дека „справувањето со градбата без дозволи или со непочитување на дозволите е мисија што ќе продолжи до крај, за заштита на јавните простори и запирање на обезличувањето на заедничките простории“.

Топ Чанел извести дека: „Валона се разбуди овој понеделник наутро со експлозија на 32 килограми експлозив, со што државниот инспекторат за урбанизам, во соработка со Министерството за одбрана, инженерските сили и државната полиција, сруши трикатна зграда со армирано-бетонска конструкција во близина на патниот правец Валона-Орикум”.

Владината иницијатива “Урбана ренесанса 2,0”, како што претходно изјави Рама, има за цел елиминирање на нелегалните објекти и враќање на заземените јавни површини низ целата држава. Истата беше презентирана како витален чекор во подготовките за интеграција во Европската Унија до 2030 година.

Примарна цел на акцијата е креирање поубави, организирани и “поевропски” градови, како дел од сеопфатната реформа за просторно уредување и надзор.

Дејствијата за уривање веќе се имплементираат во Тирана, Скадар, Валона, Драч и други урбани, приморски и заштитени региони. Различни нелегални елементи се отстранети – стреи, тезги, огради кои го попречуваат пристапот до јавниот простор.

Владата исто така отвори и дигитална платформа “Мој јавен простор”, преку која граѓаните можат да алармираат за недозволена градба, узурпација на јавна површина или загадување. Рама редовно пласира видеа од акциите на социјалните мрежи, охрабрувајќи соработка помеѓу граѓаните, општините и деловната заедница.

Оваа кампања е дел од посеопфатни реформи во инфраструктурата, менаџирањето со отпад и водоснабдувањето.

Меѓу реакциите, најголемо внимание привлече уривањето на приближно 70 објекти во заштитеното подрачје Тет, каде што дел од јавноста реагираше на начините на извршување.

Според Рама “Урбана ренесанса 2,0” ќе биде дел од заложбите во неговиот четврти премиерски мандат, со поригорозни прописи, вклучувајќи конфискација на нелегално изградени објекти и формирање “црна листа” на инвеститори кои ги прекршуваат законите. Ослободените простори ќе бидат претворени во проекти на домашни и странски архитекти.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Еврото добива нов модерен дизајн – еве што ќе има на новите банкноти
Следна Статија Илија Танчев од Пловдив е исчезнатиот нуркач по кој се трага во Охридското Езеро | ФОТО

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

По примерот на Зеленски: Актерот Драган Бјелогрлиќ сака да биде претседател на Србија

АктеротДраган Бјелогрлиќ има амбиции да стане претседател на Србија, пишува „Република.рс“ .Oвој глумец е главен на т.н студентски протести против претседателот Александар…

December 25, 2024
БАЛКАН

Вучиќ: Мандатар за состав на нова влада е Ѓуро Мацут

Српскиот претседател вечерва го предложи за мандатар на нова влада - Ѓуро Мацут, лекар ендокринолог, јави дописникот на МИА од…

April 6, 2025
БАЛКАН

Немам кислород“ – низа протести во Грција за железничката несреќа кај Темпи по новите докази објавени во медиумите

Немам кислород“ е слоганот под кој денеска, точно напладне во речиси сите помали и поголеми градови во цела Грција, но…

January 26, 2025
БАЛКАН

Сосема затворање на најдолго работечкиот ресторан во округот Лос Анџелес

Муштериите се трупаат во најдолго работечкиот ресторан во Лос Анџелес пред негово конечно затворање. По речиси 140 години, Сагус Кафе…

January 4, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?