Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Албанската министерка за внатрешни работи го разреши својот заменик поради пушење во ресторан
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Албанската министерка за внатрешни работи го разреши својот заменик поради пушење во ресторан
БАЛКАН

Албанската министерка за внатрешни работи го разреши својот заменик поради пушење во ресторан

Објавено September 23, 2025 10:04
Сподели
Сподели

Албанската министерката за внатрешни работи, Албана Кочиу, го разреши својот заменик, Анди Махила, поради тоа што не почитувал забрана за пушење во ресторан.

Синоќа во објава на официјалната страница на Фејсбук напиша дека одлуката за разрешување на заменик – министерот од функцијата ја донесла по добиена жалба од албански државјанин кој живее во Њујорк.

Во жалбата стои дека заменик-министерот Махила за време на посетата на САД пушел цигари во ресторан, што предизвикало вознемиреност кај присутните.

-Добив жалба од наш сонародник во Њујорк, кој, заедно со своето семејство бил во ресторан. Беше загрижен поради фактот што заменик-министерот за внатрешни работи Махила пушел цигари во истиот ресторан. Спроведов соодветна проверка и му го соопштив на заменик-министерот неговото разрешување од должност, пишува Кочиу.

Министерката нагласува дека таквото однесување не може да се смета за невина грешка, туку за јасно кршење на законот.

-Секој може да направи грешка ненамерно и тоа може добро да се разбере, но пушењето цигари во ресторан не е ненамерна грешка, туку неоправдано кршење на законот. Уште повеќе за раководител на институција како што е Министерството за внатрешни работи, додава таа.

Албана Кочиу е прва жена на чело на полицијата во историјата на Албанија. Во минатата влада беше министерка за здравство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска – прв македонски филм во каталогот на National Geographic, во трка за двоен „Оскар“
Следна Статија Почина Никола Пилиќ, поранешниот тренер на Ѓоковиќ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Македонскиот јазик е 90% бугарски, коментира грчки европратеник

Грчкиот европратеник од редовите на партијата Нова демократија, Емануил Кефалојанис, на седница на Европскиот парламент рече дека македонскиот јазик е…

December 4, 2024
БАЛКАН

Tаксист буквално „одра“ турист во Сплит, за 5 километри му наплатил 209 евра

Најновиот случај од Сплит кој ја шокираше јавноста покажува како тамошните таксисти не престануваат да изненадуваат кога станува збор за…

October 26, 2024
БАЛКАН

НОВИ ДЕТАЛИ: „Воени туристи“ во Сараево плаќале стотици илјади евра за „лов“ на луѓе

Германскиот Frankfurter Sonntagszeitung објави нови детали за скандалозниот феномен „Сараево сафари“, откриен преку сведочењето на поранешниот американски маринец Џон Џордан…

December 2, 2025
БАЛКАН

Македонци меѓу уапсените во голема акција за дрога во Србија – запленети над 2,4 тони

Српската полиција во координирана акција низ целата земја заплени повеќе од 2,4 тони наркотични средства и уапси голем број лица…

August 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?