Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Алегри се врати на клупата на Милан
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Алегри се врати на клупата на Милан
СПОРТ

Алегри се врати на клупата на Милан

Објавено May 30, 2025 14:34
Сподели
Сподели

Италијанскиот фудбалски прволигаш Милан попладнево официјално потврди дека тренерската должност ја презема Масимилијано Алегри, кој ќе има тешка задача да го оживее клубот по разочарувачката сезона 2024/25.

„Милан со задоволство објавува дека Масимилијано Алегри е назначен за главен тренер на првиот тим“, се наведува во клупското соопштение.

Алегри (57) својот последен тренерски ангажман го имаше во Јувентус, кој му врачи отказ во мај 2024 година, само неколку денови по освојувањето на Купот на Италија.

За време на неговиот прв мандат во Милан, од 2010 до 2014 година, Алегри ја освои италијанската титула во својата прва сезона (2011). Следната сезона заврши втор во Серија А, а потоа трет, пред да биде отпуштен во јануари 2014 година.

Со Јувентус, кој го тренираше од 2014 до 2019 година, а потоа и од 2021 до 2024 година, Алегри стана еден од најпочитуваните активни италијански тренери. Со Јувентус освои пет последователни италијански првенства (2015, 2016, 2017, 2018, 2019), пет трофеи во Купот на Италија (2015, 2016, 2017, 2018 и 2024), а два пати загуби финалиња во Лигата на шампиони (2015, 2017).

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Митева: Оперативниот план опфаќа и обуки за жени и млади до 29 години, во рок од 3 месеци со месечен надомест од 12.000 денари
Следна Статија Oбраќање на премиерот Мицкоски во Будимпешта на СРАС конференција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Захариевски повеќе не е тренер на Вардар

Срѓан Захариевски од денес не е шеф на стручниот штаб на ФК Вардар. Информацијата претпладнево ја објавија „црвено-црните“ на својот…

November 4, 2024
СПОРТ

Ферстапен со совршен круг до пол-позицијата во Јапонија

Четврти пат по ред, Макс Ферстапен ќе стартува од пол-позицијата на патеката Сузука, на трката за Големата награда на Јапонија.…

April 5, 2025
СПОРТ

Фиорентина: Бове е свесен и дише без помош на апарат за кислород

По страшните сцени кои се случива вечерва на „Артемио Франки“ во Фиренца, кога колабираше фудбалерот на Фиорентина Едоардо Бове, се…

December 2, 2024
СПОРТ

Сефери Македонија ја замени со Албанија, сега сонува да и даде гол на Србија

Репрезентивецот на Албанија Таулант Сефери кој играше за  македонската репрезентација а потоа се реши за западниот сосед сега има нова цел,…

January 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?