Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Алимпијевиќ е новиот селектор на Србија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Алимпијевиќ е новиот селектор на Србија
СПОРТ

Алимпијевиќ е новиот селектор на Србија

Објавено September 30, 2025 17:56
Сподели
Сподели

Српскиот тренер Душан Алимпијевиќ е новиот селектор на Србија, потврди Кошаркарскиот сојуз на Србија (КСС).

Алимпијевиќ се договори со КСС за тригодишна соработка и ќе го замени Светислав Пешиќ на функцијата.

„Во тој период, Алимпијевиќ ќе ги преземе сите одговорности поврзани со подготовките на националниот тим за претстојните квалификациски натпревари за Светското првенство („прозорци“ на ФИБА), како и меѓународните натпреварувања.

Алимпијевиќ е признат како личност која поседува експертиза, авторитет и посветеност потребни за водење на националниот тим на највисоко ниво, а воедно внесува и нова енергија потребна за постигнување резултати, кои секогаш се очекуваат од сениорската репрезентација на Србија.

КСС навремено ќе ја информира јавноста за сите понатамошни чекори поврзани со формирањето на стручниот штаб и планот за подготовка“, се вели во соопштението.

Алимпијевиќ е предводник на новата генерација млади српски тренери, кои веќе постигнаа одлични резултати и го потврдија својот квалитет на европската сцена.

И покрај фактот дека е многу млад тренер, Алимпијевиќ веќе има завидно искуство во натпреварувања како што се Еврокупот и Евролигата, вклучувајќи ја и наградата за тренер на годината во Еврокупот 2022.

Тој моментално е тренер на Бешикташ, тим кој се натпреварува во Еврокупот, па претстојните „прозорци“ во квалификациите за Мундобаскетот нема да бидат проблем за него, бидејќи тогаш нема да има натпревари во второто најсилно натпреварување во клупската кошарка.

Во својата тренерска кариера работеше во ФМП, Црвена звезда, потоа постигна одлични резултати во тимот на Бурса, кои го препорача во Бешикташ, каде се уште работи

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Водно ќе блеска и по мрак: Лабудовиќ и Котевски го промовираа проектот „Сјајна Патека“
Следна Статија Во пукотница во бар во Белград е убиена жена, ранети се најмалку петмина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

(Видео) Брансон ја запре Индијана – Њујорк намали на 2:3 во серијата

Кошаркарите на Њујорк намали на 3-2 против Индијана во финалето на плејофот од Источната конференција на НБА лигата, бидејќи победија…

May 30, 2025
СПОРТ

Мбапе и Винисиус за триумф на Реал на гостувањето кај Овиедо (ВИДЕО)

Реал Мадрид дојде до два од два на стартот од Ла Лига, откако со 0-3 славеше на гостувањето кај Овиедо.…

August 25, 2025
СПОРТ

Евролига:Црвена звезда го совлада Париз, остана со шанса за „плејинот“

Црвена Ѕвезда во Белград оствари важна победа совладувајќи го Париз со 94:81 во натпреварот од 36-то коло од Евролигата. Со…

April 8, 2026
СПОРТ

Joкиќ уште е повреден, Денвер е во проблеми

Настапот на српскиот кошаркар Никола Јокиќ на вечерашниот дуел на Денвер против Сан Антонио е наведен како „неизвесен“. Тоа значи…

April 12, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?