Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Алиу апелира: Граѓаните да пријават евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Алиу апелира: Граѓаните да пријават евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции
ЗДРАВЈЕ

Алиу апелира: Граѓаните да пријават евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции

Објавено August 27, 2025 13:43
Сподели
Сподели

Министерството за здравство информира дека сите граѓани имаат можност да пријават сознанија за евентуални неправилности во врска со вршењето кардиолошки и кардиоваскуларни интервенции, преку алатката Пријавете неправилност, достапна на веб страницата на МЗ.

 

– Транспарентноста во секој процес е наш приоритет, така што кон секоја пријава на каква било неправилност во здравствениот систем пристапуваме со максимална одговорност и постапуваме согласно законските процедури. Токму затоа потсетувам дека преку оваа алатка на веб страницата на Министерството, граѓаните можат да пријават и сознанија за евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции. Министерството за здравство останува посветено на унапредување на здравствениот систем, а наш приоритет е здравјето и безбедноста на пациентите, истакна министерот за здравство, Азир Алиу.

Пријавувањето е доверливо и по секоја пријава се постапува согласно законските процедури.

Потсетуваме дека веќе отпочна со работа интерната комисија задолжена за изготвување прелиминарна анализа на кардиолошките и кардиоваскуларните интервенции во здравствените установи во државата. Наодите од анализата на интерната комисија ќе бидат во најскоро време доставени до стручната комисија составена од странски експерти.

Истовремено, Министерството за здравство испрати допис до јавните здравствени установи да достават податоци за вкупниот број извршени процедури и операции за периодот јануари 2022 – август 2025 година за извршени интервентни кардиолошки процедури, како што се коронарографии и стентирања, васкуларни ангиографии и кардиохируршки/васкуларни операции.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сите ученици ќе имаат учебници на почетокот на новата учебна година и тоа по сите предмети, велат од МОН
Следна Статија (Видео) Украинци: Експлодира главниот нафтовод што ја снабдува Москва

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

ЕССЕ: Корупција во здравството има, но никој не ја пријавува

Пари во плик или подарок,  се најчестите форми на корупција во здравството покажува истражувањето на организацијата ЕССЕ. Дел од испитаниците…

March 19, 2026
ЗДРАВЈЕ

Помалиот син на премиерот Христијан Мицкоски е хоспитализиран, тој е едно од затруените деца во „Димо Хаџи Димов“

    Помалиот син на премиерот Христијан Мицкоски е хоспитализиран, тој е едно од затруените деца во „Димо Хаџи Димов“…

November 26, 2025
ЗДРАВЈЕ

АХВ: Во див магацин во Маџари пронајдени и уништени 40 тони небезбедни сувомесни производи

По добиено известување од Министерството за внатрешни работи дека во скопската населба Маџари, диво работи магацин за храна, Агенцијата за…

March 24, 2025
ЗДРАВЈЕ

Европската агенција за лекови ги отфрли тврдењата на Трамп дека парацетамолот предизвикува аутизам

Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека нема докази што би барале промена на сегашните препораки за употреба на парацетамол…

September 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?