Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Алиу апелира: Граѓаните да пријават евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Алиу апелира: Граѓаните да пријават евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции
ЗДРАВЈЕ

Алиу апелира: Граѓаните да пријават евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции

Објавено August 27, 2025 13:43
Сподели
Сподели

Министерството за здравство информира дека сите граѓани имаат можност да пријават сознанија за евентуални неправилности во врска со вршењето кардиолошки и кардиоваскуларни интервенции, преку алатката Пријавете неправилност, достапна на веб страницата на МЗ.

 

– Транспарентноста во секој процес е наш приоритет, така што кон секоја пријава на каква било неправилност во здравствениот систем пристапуваме со максимална одговорност и постапуваме согласно законските процедури. Токму затоа потсетувам дека преку оваа алатка на веб страницата на Министерството, граѓаните можат да пријават и сознанија за евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции. Министерството за здравство останува посветено на унапредување на здравствениот систем, а наш приоритет е здравјето и безбедноста на пациентите, истакна министерот за здравство, Азир Алиу.

Пријавувањето е доверливо и по секоја пријава се постапува согласно законските процедури.

Потсетуваме дека веќе отпочна со работа интерната комисија задолжена за изготвување прелиминарна анализа на кардиолошките и кардиоваскуларните интервенции во здравствените установи во државата. Наодите од анализата на интерната комисија ќе бидат во најскоро време доставени до стручната комисија составена од странски експерти.

Истовремено, Министерството за здравство испрати допис до јавните здравствени установи да достават податоци за вкупниот број извршени процедури и операции за периодот јануари 2022 – август 2025 година за извршени интервентни кардиолошки процедури, како што се коронарографии и стентирања, васкуларни ангиографии и кардиохируршки/васкуларни операции.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сите ученици ќе имаат учебници на почетокот на новата учебна година и тоа по сите предмети, велат од МОН
Следна Статија (Видео) Украинци: Експлодира главниот нафтовод што ја снабдува Москва

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Експерти од Англија и македонски лекари заеднички подготвуваат протоколи за повредените во трагедијата во Кочани

Експерти од Англија и македонски лекари заеднички подготвуваат протоколи за проценка на клиничката слика на повредените во трагедијата од дискотеката…

April 14, 2025
ЗДРАВЈЕ

Ина Многуфина: За некоја година ќе си гледаме на јутјуб како да си пуштиме сами инфузија, лани си отишле 2000 медицински сестри од државава

- Лани си отишле 2000 медицински сестри од државава. Секоја година си одат се повеќе, ги едуцираме и им ги…

May 12, 2025
ЗДРАВЈЕ

Како комарците го „одбираат“ своите жртви?

Дали сте забележале дека комарците секогаш ве напаѓаат вас, додека другите речиси не ги допираат? Науката потврдува дека тоа не…

June 28, 2026
ЗДРАВЈЕ

Најпопуларната диета во светот: Методата 5/25/25 ги топи сите насобрани килограми

Нема смисла да се залажувате – не постои единствен и најдобар начин за слабеење, бидејќи нашите тела се различни и…

April 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?