Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Алиу: За два дена над двесте прегледани лица во рамки на скринингот во Трубарево
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Алиу: За два дена над двесте прегледани лица во рамки на скринингот во Трубарево
ЗДРАВЈЕ

Алиу: За два дена над двесте прегледани лица во рамки на скринингот во Трубарево

Објавено September 26, 2025 09:06
Сподели
Сподели

Министерството за здравство во соработка со Клиниката за пулмологија спроведе дводневен скрининг на населението во Трубарево, со цел навремено откривање на евентуални симптоми на дишните патишта.

Само во текот на вчерашниот ден се прегледани над 100 лица на двата пункта во Трубарево, од кои осум лица се упатени на Клиниката за пулмологија, поради хронични заболувања за кои подолго време не направиле контролни прегледи. Скринингот опфати клинички преглед, мерење на пулс, сатурација и проценка на витален капацитет. Овој скрининг имаше голем одѕив со над двесте прегледани пациенти во два дена и беше навистина добро прифатен од локалното население, и во следниот период продолжуваме да ја следиме состојбата во соработка со Клиниката за пулмологија и сите надлежни институции, истакна министерот Алиу.

Според информациите од тимовите од Клиниката за пулмологија, пациентите кои биле упатени на Клиниката имале симптоми како потешко дишење, сува кашлица, стегање во градите. Воедно, во рамки на скринингот се детектирани и пациенти со висок крвен притисок кои биле советувани да се обратат кај својот матичен лекар за натамошни испитувања.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски за предлог резолуцијата на СДСМ: Сакаат да ги „исперат гревовите“ кои ги направија со бугарскиот диктат
Следна Статија Ангелов: По неколкучасовно гаснење со специјална пена пожарникарите успеаја целосно да го изгаснат огнот во депонијата кај Арачиново

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Инвестиција во милијарди евра во инфраструктурата и здравството, најави Мицкоски

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска објави дека Владата работи на инвестиција во инфраструктурата и здравството од неколку милијарди евра. …

March 14, 2025
ЗДРАВЈЕ

Изведена прва неврохируршка операција со микроскоп во Клиника „Жан Митрев“

Првата неврохируршка операција на Одделот за неврохирургија во Клиника „Жан Митрев“ е изведена со врвен неврохируршки микроскоп, единствен во државата.…

November 29, 2024
ЗДРАВЈЕ

Македонецот д-р Иво Бошкоски воведе револуционерна метода за слабеење во болницата „Џемели“ во Рим

Тетовецот Иво Бошкоски, кој со години гради успешна кариера како доктор во Италија, е пионер во медицинскиот третман на прекумерната…

August 1, 2025
ЗДРАВЈЕ

68 лица остануваат да се лекуваат во странство – еден пациент испишан од Љубљана

Во медицинските центри надвор од државава во моментов се лекуваат 68 лица, односно еден пациент е испишан од медицинскиот центар…

April 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?