Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Алиу: Лековите за пациентите со ретки болести ќе бидат обезбедени, правиме набавка за три години
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Алиу: Лековите за пациентите со ретки болести ќе бидат обезбедени, правиме набавка за три години
ЗДРАВЈЕ

Алиу: Лековите за пациентите со ретки болести ќе бидат обезбедени, правиме набавка за три години

Објавено February 18, 2026 19:27
Сподели
Сподели

Министерот за здравство Азир Алиу денеска изјави дека ќе бидат обезбедени лекови за пациентите со ретки болести и оти оваа година првпат ќе се прави набавка на лекови за овие пациенти за три години, поинаку од досега кога се набавувале само за една година.

– Владата од оваа година ќе има тригодишна набавка и можеби изгледа дека овој буџет е намален бидејќи методологијата беше поинаква, но ви гарантирам дека ниеден граѓанин и ниедно дете нема да останат без потребните лекови и без медицински третман бидејќи тоа е наша обврска како Министерство за здравство, како држава и како Влада и свесни сме дека овие граѓани треба да се лекуваат од самото детство – рече министерот Алиу одговарајќи на прашање на пратеничката Бисера Костадиновска поврзано со намалување на средствата за ретки болести.

Министерот за здравство рече дека е зголемен буџетот за трансфер за знаење на лекарите за пациентите со ретки болести. – Имаме средби со надворешни експерти, кои работат со нашите лекари, за да имаме нови методи и лекување на овие пациенти, не само во однос на лековите туку и за другите третмани кои се екосистем за здравјето на овие деца – рече Алиу на седницата за пратенички прашања.

Тој додаде дека има стандардизација на процедурите и секој лекар што ќе лекува пациенти со ретки болести треба да има стриктен протокол и софтвер што ќе го следи пациентот.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Состојбата во ЈСП Скопје е алармантна, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации
Следна Статија Николоски: Автопатот Прилеп – Битола се гради со силна динамика, започнуваме постапка за изградба на автопат и од Фариш до Прилеп

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Клековски: Експерти за изгореници од Израел ќе дојдат за повредените, а најкритичните се испраќаат во странство

Конзилиум работи на целиот список повредени при пожарот во дискотеката, се прави проценка дали да бидат префрлени од Кочани и…

March 16, 2025
ЗДРАВЈЕ

Ова се најсмртоносните вируси кои се пренесуваат преку храна, СЗО објави листа

Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) и Светската здравствена организација (СЗО) соработуваа на нов извештај кој ги…

January 10, 2025
ЗДРАВЈЕ

По 6 недели лекување: Двајца пациенти хоспитализирани во Пловдив, ќе бидат пуштени дома

Двајца пациенти кои беа на лекување во Пловдив по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, ќе бидат пуштени на дома.…

April 28, 2025
ЗДРАВЈЕ

Луѓето со аутизам ќе може да се вработуваат: Фирмите ќе ги користат нивните дарби

Луѓето кои имаат аутизам за првпат влегоа во Законот за вработување на инвалидни лица и отсега работодавачите, сопственици на фирми…

October 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?