Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Алиу: Министерство за здравство ќе формира комисија за стручен надзор од експерти од странство за укажувањата од Кедев
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Алиу: Министерство за здравство ќе формира комисија за стручен надзор од експерти од странство за укажувањата од Кедев
ЗДРАВЈЕ

Алиу: Министерство за здравство ќе формира комисија за стручен надзор од експерти од странство за укажувањата од Кедев

Објавено August 21, 2025 14:27
Сподели
Сподели

Од наредниот месец, приватните здравствени установи ќе мора задолжително да ги отворат базите со информации, за таа цел Комисија во Министерството работи на отстранување на евентуални законски пречки, истакна министерот за здравство Азир Алиу на денешната прес-конференција.

-Веќе работи комисија кај нас, ако има законски пречки да се отстранат веднаш, наредната недела и ќе пуштиме писмо до сите приватни здравствени институции од 15-ти наредниот месец да мора задолжително да ги отворат базите за да може ние да ги агрегираме сите постоечки информации што се таму во нивните институции. Ова е право на државата. Бидејќи секој граѓанин директно или индиректно придонесува кон здравствениот систем во државата и кон Фондот и затоа, ние мора да бидеме во тек со здравствената патека на секој граѓанин на нашата Република, изјави Алиу, одговарајќи на новинарско прашање колку итни се контролите што ги најави МЗ, дали ќе го знаеме составот на тие тимови и колку ќе биде транспарентен целиот процес за јавноста по изјавите на кардиологот Сашко Кедев, дека се прават непотребни операции и стентирања.

Тој појасни дека веднаш по изјавата на професорот Кедев, била креирана интерна комисија во Министерството за здравство, сè со цел да ги анализираат сите можни протоколи и индиции што произлегле од таа изјава.

– И заклучивме како Министерство за здравство да направиме комисија за стручен надзор што ќе се состои од експерти од странство. Кога велиме експерти од странство, сакав таа комисија да биде навистина независна и тој извештај од таа независна комисија да ни е патоказ за понатаму, ако има такви индиции – се потврдуваат истите, да може да се отстранат, подвлече Алиу.

На прашање дали би се соочиле со некакви реперкусии приватните установи, доколку се потврдат информациите на кардиологот Кедев, министерот рече дека кога ќе биде готов извештајот на експертите, „тој ќе биде добар патоказ за што понатаму, дали ќе треба да се измени некој закон, дали ќе треба да се направи некој друг стандард, некој друг протокол за здравствената патека“.

– Сега, засега, не би можел да одговорам. Но, можам да ве уверам дека тој извештај ќе биде јавен и од тој извештај ќе произлезат активности поврзани со Министерството за здравство, нагласи Алиу.

Тој кажа дека стручната комисија ќе биде со експерти коишто нема да бидат од земјите од соседството. Единствена дилема на правната служба кај нив била, вели, како може да се платат и дали може да се платат тие експерти, бидејќи сме во предизборен период.

– Ако не е возможно од Министерството за здравство, ние ќе бараме помош и веќе тоа како опција го почнавме, со надворешни институции со кои соработуваме. Како и да е, оваа процедура ќе мора да оди по брза постапка, додаде Алиу.

Тој рече дека потребен е итен вонреден надзор бидејќи „мора да имаме податоци да видиме дали тие индиции се точни и ако се точни, што понатаму“.

– За да нема никаков сомнеж, нула сомнеж, ќе бараме експерти од земји како што се Словенија и другите европски земји. Тоа ќе биде комисија од тројца експерти. Не сакаме од една земја да ги имаме експертите, сакаме од три различни земји, дециден беше Алиу.

Контроли ќе прават, како што рече министерот, според индикациите, при што ќе се почне од приватните здравствени институции, но, исто така, ќе се продолжи и во јавните здравствени институции што се занимаваат со истата проблематика.

Тој кажа дека имаат база на информации од 2019 до 2025 година за сите кардиолошки интервенции што се направени и во приватните и во јавните здравствени институции.

Кажа дека петте институции што се занимаваат со оваа област се ЈЗУ Специјална болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – Охрид, ЈЗУ Универзитетска клиника за државна кардиохирургија, ЈЗУ Универзитетската клиника за кардиологија, ПЗУ „Аџибадем Систина“ и ПЗУ „Жан Митрев“ – Скопје.

Во 2025 година, според инфромацијата што ја сподели министерот Алиу, досега во Охрид биле извршени 493 кардиолошки интервенции, 105 во Државна кардиохиругија, 1.488 во Кардиологија, 531 во „Систина“, и 939 во „Жан Митрев“.

Во врска со редовни и вонредни контроли, било разговарано и со претставници од Лекарската комора.

– Министерството за здравство има информации само за пациенти кои се покриваат од Фондот. Но, немаме информации воопшто за пациенти коишто Фондот не ги покрива, а впрочем, тие се исто така, граѓани на нашата држава. Целокупната информација, работа, на тие приватни институции и државата да има увид, впрочем, е и заради ова, додаде тој, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој сподели дека се случува дел од тие пациенти во одреден период од здравствената патека да се појавуваат во државните институции и вели, „ние тогаш имаме нула информации за третирање на тој пациент во приватните здравствени институции и треба или да се одземе време додека ги апсорбираме, агрегираме, податоците од таму, за да видиме како да продолжиме или понекогаш, за жал, се почнува од почеток“.

Министерот на новинарско прашање потврди и дека ќе има средба со др. Сашко Кедев.

– Доктор Кедев е дел од нашата институција, така што ќе имаме средба. Приоритет во овој период ни беше да се анализираат тие индиции, дали има нешто досега што е нотирано во Министерството за здравство. Можам да ве информирам дека од анализите направени од внатрешната комисија во Министерството, немаме такви индиции досега архивирани или податоци што се јасно читливи, одговори министерот.

Алиу нагласи дека нема да се брза со целата постапка.

– Сакам да ве уверам дека нема да брзаме во оваа постапка заради времето или сензации, ќе одиме чекор по чекор, но, тие чекори мора да бидат јасно дефинирани и од тие чекори мора да произлезат јасни извештаи што нема да бидат општи, туку ќе бидат прецизни, нагласи министерот.

Алиу прашан во врска со паркингот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје најави дека наредната недела ќе одри прес-конференција и дека очекува за градежните зафати во Клиничкиот центар да завршат за три месеци.

-Постапката ќе биде брза, се имаме на хартија како ќе изгледа, само треба да се имплементира. Зошто се брза? Се брза заради тоа што овој период, има помалку пациенти, а ќе се работи дел по дел, во делови од кампусот за да може да се интервенира во таа инфраструктура, смета министерот.

На прашање каква ќе биде цената, тој одговори дека најверојатно ќе бидат слични на сегашниве, а доколку има покачување би било минимално.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) „Над 11.000 фирми не исплатиле плати, владата има 900 милиони евра неисплатени обврски“, вели Кузеска
Следна Статија Предлог до компаниите исплатата на солидарниот данок да се изврши во две рати, Мицкоски вели дека понудата е фер

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Нема недостатоци во лекувањето на четиригодишното дете што почина во струшката болница

Државниот санитарен и здравствен инспекторат не констатирал недостатоци во рамките на своите надлежности при вчерашниот вонреден инспекциски надзор на Детското…

February 4, 2025
ЗДРАВЈЕ

Луѓето кои никогаш не се дебелеат го практикуваат овој генијален трик за појадок

Точно е дека метаболизмот игра голема улога, но ништо без навиките до кои се придржуваат. Личните тренери велат дека постои…

March 8, 2025
ЗДРАВЈЕ

Таравари: ГОБ „8 Септември“ треба да остане како и досега, добар бекап за Клинички центар

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека според него, ГОБ „8 Септември“ треба да остане добар бекап за клинички…

February 10, 2025
ЗДРАВЈЕ

Лесна облека, многу вода, да не се престојува на сонце: ИЈЗ со препораки за заштита од високите температури

Со порастот на температурите ширум земјата, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денес објави низа препораки за заштита на населението од…

June 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?