Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Алиу: Нови простории на Институтот за трансфузиона медицина во Тетово
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Алиу: Нови простории на Институтот за трансфузиона медицина во Тетово
ЗДРАВЈЕ

Алиу: Нови простории на Институтот за трансфузиона медицина во Тетово

Објавено February 6, 2026 13:53
Сподели
Сподели

Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска ги посетија новите простории на Институтот за трансфузиона медицина во Тетово.

„Со денешната промоција целосно го заокружуваме процесот на реконструкција на новите просторни капацитети за Институтот за трансфузиона медицина во Тетово. За таа цел, од Институтот се инвестирани околу 8,3 милиони денари. Регионалниот центар за трансфузија во Тетово, како составен дел на Институтот, опфаќа и три помали центри: во Гостивар, Кичево и Струга. Овој регионален центар ја обработува крвта собрана од другите центри, нуди амбулантски здравствени услуги за пациентите, организира акции за дарување крв и ги снабдува клиниките и болниците во овој регион со крв и крвни продукти“, истакна министерот Алиу при посетата.

Тој нагласи дека Министерството во континуитет работи и на зајакнување на кадарот, посебно таму каде што се затекнати лица кои подолго време биле ангажирани со договор на дело.

„Во Институтот за трансфузиона медицина, кој има свои подрачни служби низ државата, кон крајот на минатата година заврши огласот за вработување и веќе се вработени вкупно 48 лица, а дел од нив се и тука во Институтот за трансфузиона медицина во Тетово. Продолжуваат нашите заложби за зајакнување на инфраструктурните и човечките капацитети во јавните здравствени установи, со цел подостапни и поквалитетни здравствени услуги за сите граѓани во државата, додаде Алиу.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ќе се промени системот со двајца–тројца студенти на една студиска програма, кажа министерката Јаневска
Следна Статија Лавров упати сериозни обвинувања: Украинците се обидоа да го убијат генералот Алексеј во Москва

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Тешко повредена жена откако во неа удрил тротинет

Триесет и двегодишна жена е тешко повредена откако во неа удрил електричен тротинет управуван од малолетник во Тетово. Според информациите…

June 6, 2026
ЗДРАВЈЕ

ФДА ќе истражува дали смртните случаи кај возрасни се поврзани со вакцината против корона

Службена белешка на агенцијата наведува дека најмалку 10 деца починале по примањето на вакцините против корона, наведувајќи го тоа како…

December 11, 2025
ЗДРАВЈЕ

Клековски: Од 115 пациенти кои се лекуваат во странство шест се критични, вчера се хоспитализирани нови шест пациенти на Клиника

Состојбата се подобрува, се намалува бројот на критични пациенти, но далеку сме од моментот на опуштање. Борбата не е завршена,…

March 22, 2025
ЗДРАВЈЕ

Вака денес изгледа Азис: Раскина со дечкото, доби дете со најдобрата другарка

Бугарскиот пејач Азис ја фрли својата долгогодишна женска маска, целосно трансформирајќи го своето тело во теретана, а денес многумина ги…

February 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?