Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Алиу: Позитивната листа ќе биде ревидирана двапати годишно и ќе имаме нови лекови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Алиу: Позитивната листа ќе биде ревидирана двапати годишно и ќе имаме нови лекови
ЗДРАВЈЕ

Алиу: Позитивната листа ќе биде ревидирана двапати годишно и ќе имаме нови лекови

Објавено September 24, 2025 14:06
Сподели
Сподели

Позитивната листа на лекови ќе биде ревидирана двапати годишно и ќе имаме нови лекови, најави денеска на прес-конференцијата министерот за здравство Азир Алиу.

При крај е една од процедурите и се надевам дека набрзо ќе има ревидирање на листата на лекови, истакна денеска министерот за здравство Азир Алиу, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој посочи дека веќе има прв чекор, има нов информациски електронски модул „Систем за евиденција и управување со барањата за Листата на лекови” и преку него ќе се знаат датумите кога ќе одржуваат состаноци членовите на Комисијата за ревидирање на позитивната листа и кога ќе има нејзино проширување.

Модулот е изработен од Управата за електронско здравство, во соработка со Секторот за фармација во Министерството за здравство, а ќе биде јавно достапен на интернет страницата на Министерството за здравство (www.lekovi.zdravstvo.gov.mk) и во функција ќе биде веднаш откако ќе стапат во сила измените на прописот со кој се уредува оваа постапка и кој се очекува деновиве да се објави во Службен весник.

Модулот овозможува електронско поднесување на барањата и внесување на неопходната документација за лекот во системот, кои што досега се доставуваа исклучиво во хартиена форма. Со ова се постигнува значителен напредок во дигитализација на одделните процеси на стандардната оперативна процедура на уредената постапка. Станува збор за прва електронска евиденција и управување со барањата за Листата на лекови во националниот систем, со што се овозможува и транспарентност на процесот преку достапен јавен портал и следење на одделните процеси и на напредокот на постапката во реално време, рече Алиу.

Позитивната листа на лекови последен пат беше ревидирана лани во август, откако претходноо 13 години не беше обновена. Лани на листата на позитивни лекови беа додадени 9 нови генерици, а тоа се 87 лекови во различни имиња и форми. Помеѓу нив, опфатени се лекови за висок притисок, срцеви заболувања, анти-агреганси, лекови за третман на депресија, како и за деменција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВМРО-ДПМНЕ 9, ЗНАМ 2, СДСМ 5 – познат распоредот на избирачкото ливче
Следна Статија Дел судии и обвинители не ја заслужуват ниту оваа плата, ќе ги зголемиме платите во судско-обвинителската служба, најави Мицкоски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Загадениот воздух зема над 4.000 животи годишно

Ова е констатацијата на Институтот за јавно здравје од каде посочуваат дека Македонија губи 4.175 животи кои можат да се…

February 26, 2025
ЗДРАВЈЕ

Научници открија „хемиски коктел“ против стареење на мозокот

Научници соопштија дека откриле „хемиски коктел“ кој може да ги забави промените поврзани со стареењето на мозокот и да ги…

September 1, 2025
ЗДРАВЈЕ

Од први јули три нови лекови против згрутчување на крвта на позитивната листа

Од први јули на позитивната листа на лекови се ставени три нови лекови против згрутчување на крвта, т.н. антикоагулантни лекови,…

July 7, 2026
ЗДРАВЈЕ

Апл воведува подобрена Health апликација подоцна оваа година со четири надградби

Во изминатата година слушнавме многу гласини поврзани со Health апликацијата. Тим Кук изјави дека...

January 13, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?