Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР
ЗДРАВЈЕ

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР

Објавено January 12, 2026 10:48
Сподели
Сподели

Министерството за здравство соопшти дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде што сите заинтересирани граѓани и организации може да учествуваат во јавната расправа пред неговото усвојување.

– Со овој закон отвораме суштинско прашање што директно ги засега здравјето и иднината на нашите деца и младите. Фактите се јасни и неоспорни – тутунот и никотинот остануваат водечка причина за превентабилна смрт, изложеноста на чад и аеросоли ги оштетува и опние што не избрале да пушат, а новите никотински производи, аромите, агресивниот маркетинг и дигиталната промоција се насочени токму кон младите. Затоа Министерството за здравство изготви нов закон за заштита од пушење, чија намера не е казнување, туку превенција, јавно здравје и заштита на најранливите категории граѓани – оценува министерот за здравство, Азир Алиу.

Целта на новите законски измени, се посочува, е воспоставување контрола врз појавата и ширењето на новите тутунски и никотински производи, особено нивната агресивна промоција и лесна достапност. Истовремено, се воведува целосна забрана за рекламирање, промоција и спонзорство, се ограничуваат продажбата и изложувањето на тутунски и никотински производи како превентивни мерки за поддршка на откажувањето од зависноста и, конечно, се зајакнува забраната за пушење во јавни и работни простории.

– Со овој закон испраќаме јасна порака дека здравјето е повисока вредност од кој било комерцијален интерес, дека здравјето на децата не може да биде предмет на профит, дека јавниот простор мора да биде безбеден простор. Воедно, законското решение е усогласено со европската регулатива и со меѓународните обврски што државата ги има преземено, принципите на рамковната конвенција на Светската здравствена организација – се наведува во соопштението од Министерството за здравство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Заштедете пари во 2026: Microsoft Office Professional за еднократна цена
Следна Статија Надеж за преживување: Filipino спасувачи детектираат знаци на живот по катастрофата на депонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Нема лекарски пропуст за смртта на близначињата во Прилепската болница, констатирале ДСЗИ и стручната комисија на Министерството за здравство

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека нема лекарски пропуст за смртта на близначињата во Прилепската болница во јануари…

February 20, 2025
ЗДРАВЈЕ

Петгодишно момче доби нов живот по примање на скап лек

Петгодишниот Едвард може самостојно да оди, вели неговата мајка, и се надева дека ќе има среќен живот

January 1, 2026
ЗДРАВЈЕ

Добар сон – половина здравје

Во денешното брзо темпо на живот, многу луѓе често одат на спиење доцна, сметајќи го тоа за безопасна навика. Сепак,…

August 11, 2025
ЗДРАВЈЕ

Ќе се набавува инсулин и друга медицинска терапија за дијабетичарите, информираат од Владата

Владата на денешната 73 редовна седница ја усвои информација за давање согласност за финансиски средства за набавка на инсулин, глукагон,…

May 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?