Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници
ЗДРАВЈЕ

Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

Објавено October 14, 2025 13:37
Сподели
Сподели

Министерот за здравство Азир Алиу денеска во врска со тоа дали се планира воведување токсиколошки тестови за здравствените работници изјави дека имаат 12 работни групи, кои работат на менување или синхронизација на тие закони, со цел да нема колизија меѓу нив.

Една од можностите што ќе ја разгледаме е дали во некои од законите може да биде и тој член – додаде Алиу, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали е планирано воведување такви тестови по снимката која се појави на социјалните медиуми со сега поранешниот директор на Клиниката за неврологија, Игор Кузмановски.

Алиу за време на посетата на комплетно реновираното одделение на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) во врска со тоа дали се планирани санкции истакна дека за тоа се задолжени правниците, кои работат на законите, додавајќи дека во такви случаи има индикатори, од кои доколку се отстапува треба да се предвидат санкции.

Премиерот Христијан Мицкоски, кој исто така беше на настанот, истакна дека Владата итно реагирала по објавената снимка на социјалните мрежи со поранешниот директот на Клиниката за неврологија Игор Кузмановски, нагласувајќи дека тој како лекар има импозантна биографија, но тоа што го сторил во момент на слабост, најверојатно ќе го следи во текот на целиот негов живот.

Тоа што се случи се случи и тука не треба сите да се враќаме назад. Инаку кога ќе ја гледате биографијата на професорот, мој колега ќе дојдете до заклучок дека станува збор за импозантна биографија, која многу ретко ја има, генерално гледам на Балканот. Тоа што поранешниот директор имал моменти на слабост претпоставувам тоа ќе го следи во текот на неговиот живот и тоа е негова приватна работа јас тука немам што да кажам. Ние како Влада тоа што требаше да го направиме го направивме и реагиравме веднаш откако оној нелегален матријал се појави на социјалните медиуми – додаде Мицкоски.

По објавувањето на снимката со Кузмановски, во домашна атмосфера, каде меша бела прашкаста материја во чинија, зборува за неа со асоцијација за кокаин и разговара со друго лице, Министерството за здравство соопшти дека го разрешува од директорската позиција на Клиниката за неврологија. Д-р Јован Божиновски е именуван за нов в. д. директор на Клиниката за неврологија

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Митески: Во Аеродром реализираме проекти кои доаѓаат од граѓаните
Следна Статија Мицкоски: Се трошат милијарди евра, но имам чувство дека граѓаните не го добиваат заслуженото

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Милиони луѓе во ризик поради SMS врски за најавување

Дури и познати услуги со милиони корисници се изложени на безбедносни закани.

January 23, 2026
ЗДРАВЈЕ

На ТОАРИЛУЦ првпат во Македонија е извршена интервенција на пациент со скршен лакт и скршеница на главата на радиус во лакотниот зглоб

За првпат во државата извршена е интервенција на пациент со скршен лакт и скршеница на главата на радиус во лакотниот…

February 3, 2025
ЗДРАВЈЕ

Еве зошто треба да јадете темно чоколадо секој ден

Во серијата студии кои зборуваат за придобивките од темното чоколадо за телото, најновото објавено во списанието Depression and Anxiety вели…

October 13, 2024
ЗДРАВЈЕ

Подобрена состојбата на две лица кои се лекуваат во Солун

Министерството за здравство информира дека од вчера нема промени во бројот на хоспитализирани пациенти. Во Скопје вкупно се лекуваат 16…

March 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?