Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Алијансата за Албанците го обвинува Изет Меџити за молк пред еколошкиот масакар на Кожув
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Алијансата за Албанците го обвинува Изет Меџити за молк пред еколошкиот масакар на Кожув
ПОЛИТИКА

Алијансата за Албанците го обвинува Изет Меџити за молк пред еколошкиот масакар на Кожув

Објавено July 2, 2025 12:04
Сподели
Сподели

Крилото на Алијансата за Албанците предводено од Арбен Таравари најостро реагираше на, како што го нарекоа, „невидено уништување на животната средина“ на планината Кожув, каде компанија во сопственост на Ѓоко Стерјоски – сопственик на мрежата на казина и обложувалници „Спортлајф“ – наводно сече илјадници квадратни метри шума заради приватни бизнис-интереси. Од Алијансата предупредуваат дека оваа активност сериозно го загрозува биодиверзитетот и еко-системот во регионот и ја поткопува квалитетот на животот на локалното население. Посебно остри критики упатија кон министерот за животна средина, Изет Меџити, кого го обвинија за молк и „неприфатливо однесување“.

„Овој молк укажува на политичка и финансиска заробеност и го прави Меџити заложник на индустријата за игри на среќа, неспособен да преземе мерки за заштита на животната средина“, велат од партијата.

Во реакцијата се вели дека ова прашање не е само еколошко, туку и социјално и национално, и се нагласува дека Кожув не е „приватна сопственост за бизнис-интереси, туку заедничко богатство што мора да се заштити од уништување“.

Од Алијансата најавуваат дека во следните денови ќе објават нови податоци за поврзаноста на претставници на коалицијата ВЛЕН со индустријата на казина и ќе продолжат да ја следат темата со цел да се обезбеди институционална и политичка одговорност.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Активен е пожарот кај валандовско Грчиште, повредени двајца вработени на „Македонски шуми“
Следна Статија Од утре до средината на следната седмица температури и над 40 степени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Меџити: Владата има стабилно мнозинство, и без Таравари имаме 13-14 пратеници

Во моментов Владата има стабилно мнозинство и веќе има ист број пратеници и по заминувањето на Таравари. И во албанскиот…

May 16, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски до Филипче: Со тоа што ги напаѓате пензионерите, само потврдувате дека сте мекото ткиво на политичката сцена

Мене ми е жал што не ја научивте лекцијата, и удирате повторно по група на луѓе кои што за време…

February 26, 2026
ПОЛИТИКА

Филипче: Потребен е државнички пристап за евроинтеграциите, Мицкоски одбива секаков предлог

Потребен е државнички пристап за одблокирање на европските интеграции, жалам што премиерот еднаш бара конструктивност а потоа одбива секаков предлог,…

August 31, 2025
ПОЛИТИКА

По кој параметар Албанија е поподготвена од нас, праша Мицкоски

Што треба да направат некои други држави затоа што нивните сонародници во трети земји напредуваат заедно со тие трети држави.…

October 3, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?