Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Али Ахмети празнично се пожали: Се обидуваат да го укинат Охридскиот договор преку исклучување на албанскиот јазик
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Али Ахмети празнично се пожали: Се обидуваат да го укинат Охридскиот договор преку исклучување на албанскиот јазик
ПОЛИТИКА

Али Ахмети празнично се пожали: Се обидуваат да го укинат Охридскиот договор преку исклучување на албанскиот јазик

Објавено August 2, 2025 17:46
Сподели
Сподели

На 2 август 1903 година, Албанците, Македонците и другите заедници се обединија во заедничката борба за слобода и еднаквост. Целтта беше остварена преку заедничкото владеење и еднаквата поделба на одговорностите за предводење на народот пред 122 години. Денес, 2 август нè наоѓа не заедно, туку едни наспроти други, со тенденции за маргинализација и наметнување на етничка супремација“. Ваква порака испрати лидерот на ДУИ, Али Ахмети во пресрет на 2 Август Илинден.

„По децении придонес за еднаквост и праведна поделба на одговорностите, денес се множиме со нула во спроведувањето на владините политики, во вработувањата, дипломатијата, безбедноста, културата, здравството, образованието, економијата, европската интеграција, и насекаде.

Охридскиот договор, кој претставува модерен Крушевски манифест, се обидуваат да го укинат, преку исклучување на албанскиот јазик од службена употреба, преку селективна и политички диригирана правда, преку отстранување на албанското национално знаме, преку укинување на Бадентеровото мнозинство и балансерот како механизми против мнозински диктат, непризнавање на резултатите од пописот, и промовирање на државни политики базирани на моноетничката доктрина – „повторно твоја“.

Ова опасно отстапување од манифестот на заедништвото од пред 122 години и во пресрет на 24-годишнината од Охридскиот договор, е резултат и на поданичкиот однос на една мала група Албанци – без амин од народот, без знаење и храброст за управување, без програма и без рбет да предводат, туку со единствена мотивација на слепата желба за власт, седнување во фотелји што им ги обезбеди падронот, а не народот преку демократски избори.

Драги сограѓани, Албанците се определени за унитарна и заедничка Северна Македонија – праведна и еднаква за сите, партнер во НАТО и идна членка на Европската Унија.

Сè друго што ќе слушнете од кој било друг е само пропаганда за поделби и владеење преку инсталирање на лажен страв кај граѓаните.

Да се почитуваме меѓусебно, да се вреднуваме, да работиме за еднаквост и заедништво, и да престанеме да го третираме овој дом како „твој“ или „мој“, туку како наш”, стои во објавата на Ахмети на ФБ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Голем проток за три дена : Околу 30 илјади патници минале на ГП „Ќафасан“
Следна Статија Затвореник починал на скопска клиника

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Спасовски три месеци го кочел затворањето на станицата за технички преглед во Сарај, обвини ВМРО ДПМНЕ

Оливер Спасовски овозможил противзаконско богатење на фирма во Сарај, со што фирмата се здобила со противправна имотна корист во висина…

December 12, 2025
ПОЛИТИКА

„’Вардариште’ и ‘Дрисла’ – симболи на распадот во системот за отпад, а ВМРО-ДПМНЕ без решение“, вели Шукова

„По Вардариште, пожарот на Дрисла ги докрајчи жителите на Скопје. Ова е најдобар доказ за неодговорното и неспособно управување на…

September 10, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Не вреди да му се посветува толку внимание на Али Ахмети и неговите изјави

Ако тоа не го каже Али Ахмети, по што друго би останал впечатлив пред почетокот на кампањата? Праша претседателот на…

September 25, 2025
ПОЛИТИКА

Вреди: НАИ повеќе не постои

Она што денес се случува на албанската политичка сцена не е оставка, туку е колапс. Тоа е колапс на зграда…

November 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?