Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Американец цели 18 години си вбризгувал змиски отров и созадал најсилен противотров (ВИДЕО)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Американец цели 18 години си вбризгувал змиски отров и созадал најсилен противотров (ВИДЕО)
ЗАБАВА

Американец цели 18 години си вбризгувал змиски отров и созадал најсилен противотров (ВИДЕО)

Објавено May 4, 2025 10:15
Сподели
Сподели

Американецот Тим ​​Фрид си инјектирал змиски отров 18 години, што можеби довело до создавање на противотров со широк спектар, соопштија научниците.

Антителата пронајдени во крвта на Тим Фрид штитат од смртоносни дози од голем број змии, додека достапните терапии мора да бидат прилагодени на специфичниот тип на отровна змија што каснала некого.

Фрид преживеал повеќе од 200 отровни каснувања и повеќе од 700 инјекции со отров од најсмртоносните змии во светот, вклучувајќи неколку видови мамби, кобри, тајпани…

Тој првично сакал да го изгради својот имунитет за да се заштити при ракување со змии, документирајќи ги своите подвизи на YouTube, но на самиот почеток од овој експеримент завршил во кома поради два каснувања од кобра во краток временски период.

Но, поранешниот механичар на камиони рече дека „сосема погрешил“ на почетокот.

”Не сакав да умрам. Не сакав да го изгубам прстот. Не сакав да отсуствувам од работа“, изјави тој за Би-Би-Си.

Противотровот моментално се прави со инјектирање мали дози змиски отров кај животни, како што се коњите, чиј имунолошки систем се бори против отровот со производство на антитела, кои потоа се собираат за да се користат како терапија.

Отровот и противотровот мора да бидат тесно поврзани бидејќи токсините во отровното каснување се разликуваат од вид до вид, но тимот истражувачи почна да бара еден вид имунолошка одбрана наречена „широко неутрализирачки антитела“.

Наместо да го таргетираат делот од токсинот што го прави уникатен, тие ги таргетираат деловите што се заеднички за цели класи на токсини.

Потоа докторот Џејкоб Гленвил, извршен директор на биотехнолошката компанија „Сентивакс“, наишол на Тим Фрид.

„Веднаш помислив дека ако некој во светот рги азвил овие широко неутрализирачки антитела, тоа е тој и затоа се обратив кон него“, рече тој.

Истражувањето се фокусираше на елапидите, една од двете семејства на отровни змии, како што се коралните змии, мамбите, кобрите, тајпаните и крајтите.

Елапидите првенствено користат невротоксини во својот отров, кои го парализираат нивниот плен и се фатални кога ги запираат мускулите потребни за дишење.

Истражувачите избраа 19 елапиди идентификувани од Светската здравствена организација како најсмртоносни, а потоа ја тестираа крвта на Фрид.

Студијата идентификуваше две широко неутрализирачки антитела кои би можеле да таргетираат две класи на невротоксини, а тимот додаде трето антитело за да создаде коктел против отровот.

Во експерименти врз глувци, животните преживеале инјекции со смртоносни дози отров од 13 од 19 отровни видови змии со помош на овој противотров, а имале делумна заштита од преостанатите шест.

„Ова е неспоредлив опсег на заштита, веројатно опфаќајќи цел спектар на елапиди за кои во моментов нема противотров“, рече Гленвил.

Отровните змии моментално убиваат околу 140.000 луѓе годишно, а три пати повеќе имаат ампутации или се соочуваат со траен инвалидитет како резултат на нивните каснувања.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Македонија и Скопје на авиомапата на Барселона и Лион
Следна Статија Меси и Суарез повторно стрелци за Интер Мајами (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Од сумата ќе ви се сврти: Ферари Ф1 болидот на Шумахер со кој победи во 2006 година е ставен на аукција

Се продава еден од последните автомобили што ги возел Шумахер. Еден од најуспешните автомобили на Ферари, а воедно и еден…

October 23, 2024
ЗАБАВА

(Видео) Роналдо го угости најпопуларниот jутјубер во светот: „Се плашиш да не те надминам?“

Изненадувањето што ќе го сруши интернетот“ кај Кристијано Роналдо беше јутјуберот MrBeast (Џими Доналдсон). Се сретнав со MrBeast за да…

November 22, 2024
ЗАБАВА

Mega Man се враќа во 2027 година со нов влез за Switch и Switch 2

Прв поглед на gameplay искуството

December 13, 2025
ЗАБАВА

„Жешката“ тренерка по тенис на кошаркарот Богдановиќ (ФОТО)

Кошаркарот на НБА лигашот ЛА Клиперс, капитенот на српската репрезентација, Богдан Богдановиќ, беше почесен гостин на Фајналфорот на Евролигата во…

June 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?