Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Американската администрација проверува податоци за 55 милиони иматели на визи во САД
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Американската администрација проверува податоци за 55 милиони иматели на визи во САД
СВЕТ

Американската администрација проверува податоци за 55 милиони иматели на визи во САД

Објавено August 22, 2025 09:17
Сподели
Сподели

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги проверува податоците на повеќе од 55 милиони лица кои имаат важечки визи во САД, за да утврди дали постојат одредени прекршувања што би можеле да доведат до нивна депортација.

Американските медиуми наведуваат дека овој чекор значи заострување на мерките против странците на кои им е дозволено да останат во САД.

Стејт департментот соопшти дека сите иматели на американски визи, вклучително и туристи од многу земји, се предмет на „континуирани проверки“ кој утврдува каква било индикација дека тие не се подобни за добивање дозвола за влез или престој во Америка.

Доколку се откријат такви информации, нивните визи ќе бидат одземени и тие ќе бидат депортирани.

Откако претседателот Доналд Трамп ја презеде функцијата, неговата администрација се фокусираше на депортирање на нелегални имигранти во САД, како и на иматели на студентски визи.

Новата мерка на Стејт департментот покажува дека тековниот процес на проверка е многу поприсутен и би можел да значи дека дури и на оние на кои им е одобрен престој во САД би можело нагло да им биде одземена дозволата за престој, пренесуваат американските медиуми.

Стејт департментот изјави дека процесот бара индикации како што се пречекорување на рокот на престој на визата, криминална активност, закана за јавната безбедност, вклучување во каква било форма на терористичка активност или давање поддршка на терористичка организација.

Службениците велат дека прегледот на податоците на сите носители на визи ќе ги вклучи нивните сметки на социјалните мрежи, полициските и имиграциските евиденции во нивните земји, како и можните прекршувања на американските закони додека се во САД.

Стејт департментот претходно оваа недела објави дека од враќањето на Трамп во Белата куќа, повеќе од 6.000 студентски визи се одземени поради пречекорување на рокот на престој или поради кршење на локалните, државните и федералните закони, како што се напад, возење под дејство на алкохол или дрога и поддршка на тероризмот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Свечено отворени 64-тите Струшки вечери на поезијата
Следна Статија „Оне Македонија телекомуникации“ на унгарски „Фор-ај-џи“, единствен понудувач на тендерот за трет мобилен оператор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Еве до каде може да стигнат иранските ракети

Иран разви оружје со дострел од речиси 4.000 км кое може да ги загрози големите европски градови како што се…

March 23, 2026
СВЕТ

ВИДЕО: Меѓу 28-те преживеани и три деца, од местото на несреќата досега се извлечени 4 тела

Казахстанските власти соопштија дека 28 лица го преживеале падот на патничкиот авион во близина на Актау, меѓу кои и три…

December 25, 2024

Лагард: Потезите на Трамп се многу сериозна опасност за светската економија

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, денеска предупреди дека чекорите што ги презеде американскиот претседател Доналд Трамп за…

September 1, 2025
СВЕТ

Мажот притворен во Минеаполис почина во притвор на ICE во Тексас

Лице уапсено од имиграционите власти во Минеаполис почина во сојузен притвор во Тексас.

January 20, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?