Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Американски војник загина на планинарење во БиХ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Американски војник загина на планинарење во БиХ
БАЛКАН

Американски војник загина на планинарење во БиХ

Објавено April 20, 2025 15:32
Сподели
Сподели

Американски војник загина во Босна и Херцеговина, каде што престојувал на одмор, објавија во неделата локалните медиуми по завршувањето на потрагата по настраданиот која траеше од саботата.

Американски државјанин го загубил животот на планината Маглиќ на која бил на планинарење со сопругата. Додека планинарел во саботата, тој се лизнал и паднал низ заледена карпа во провалија длабока неколку стотици метри.

Повикувајќи се на неименувани извори, порталот Dnevni avaz наведува дека најверојатно се работи за припадник на американската армија кој бил на должност во Италија.

Спасувачките екипи веднаш по добивањето на пријавата ја започнале потрагата, но поради тешкотијата на теренот дури во неделата наутро успеале да го пронајдат телото на повредениот Американец.

Ненад Икониќ од Планинската спасувачка служба на Република Српска (ГСС) претходно изјави дека несреќата се случила на надморска височина од околу 2.200 метри, а во потрагата била ангажирана екипа на ГСС од 12 лица, помогната од полицијата и цивилната заштита.

Истрагата за оваа трагедија ја води Окружното обвинителство во Фоча, кое ќе ги испрашува сведоците. Станува збор за лица кои престојувале на Маглиќ кога мажот починал, а се државјани на Словачка и Русија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Состанок на ММФ и Светската банка од утре до 26 април во Вашингтон
Следна Статија Германија: Масивна потера по сторителот на двојно убиство близу Франкфурт

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Taкер Карслон праша: Koj во Југославија го нападна НАТО?

Американскиот новинар Такер Карлсон на својот подкаст беше домаќин на британскиот новинар и водител Пирс Морган, со кој разговараше на…

February 1, 2025
БАЛКАН

Во Хрватска испраќаат лажен багаж, а продолжуваат во други земји: На работниците од оваа земја им ги стопира визите

Хрватска веќе го суспендираше или го отежна, но и се закани со прекин на издавањето визи и работни дозволи за…

January 29, 2025
БАЛКАН

Градоначалник во Босна победи на избори од притвор

Неверојатно, но вистинито – Ибро Берило, градоначалникот на општина Трново во Босна и Херцеговина, повторно победи на локалните избори, иако…

October 7, 2024
БАЛКАН

Планирале да го претепаат моето дете“ Вучиќ: Имаме снимки

На својот „Инстаграм“ профил се огласи претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Планирале да го претепаат, да ми го заколат детето…

February 24, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?