Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Американци ќе копаат антимон во Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Американци ќе копаат антимон во Македонија
ЕКОНОМИЈА

Американци ќе копаат антимон во Македонија

Објавено April 7, 2026 14:04
Сподели
Сподели

Американска компанија ќе експлоатира руда антимон во Кривопаланечко, која потоа ќе се преработува во Соединетите Американски Држави, а на американски инвеститори ќе им биде понуден и проектот „Чебрен и Галиште“, што била лична заложба на премиерот Христијан Мицкоски. Ова денес на новинарите им го откри премиерот Мицкоски, во одговор на прашање за денешниот стратешки дијалог што го води нашата земја со САД.

Мицкоски нагласи дека Македонија е првата земја од Европа која што има стратетшки дијалог со актуелната администрација на САД. Mакедонската делегација ја предводи министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, а од страна на САД, заменик државниот секретар Кристофер Ландау

„Исклучително високо ниво“, прокоментира Мицкоски додавајќи дека теми кои што ќе бидат опфатени се дигиталната трансформација, односно дигитализацијата, вештачката интелигенција, апликациите, имплементацијата, билатералната соработка, потоа енергетиката, инфраструктурата која што се гради во нашата земја и во која што се инвестира многу, потоа одбранбената индустрија, соработката во делот на одбранбената индустрија…

„Тоа се неколку области во кои што очекуваме да се постигне голем напредок, а истовремено да се промовира една инвестиција во еден значаен производен објект, а тоа е рудата антимон, која што ќе се експлоатира во близина на кривопаланечкото село Луке. Редок минерал, нешто кое што навистина може за нашата економија да значи многу. Истрагите таму се веќе при крај и очекувам тоа многу скоро да биде започнато“, рече Мицкоски.

Тој посочи дека рудата ќе се извезува во САД, како и дека од инвеститорите ја добил информацијата дека топилницата би се градела во Оклахома во САД.

„Така што, станува збор за еден заокружен циклус, нешто што е многу важно за Македонија како држава и за нас како граѓани“, рече Мицкоски нагласувајќи дека очекува плоден ден и заедничка завршна изјава која што ќе го опфати сето она за кое што зборува.

Мицкоски исто така нагласи дека на на потенцијални американски инвеститори ќе им биде понуден и проектот „Чебрен и Галиште“, нешто што, како што нагласи, претставува негова лична цел и негова лична желба.

„Таму е и министерката Сања Божиновска со сите информации поврзани со тој проект, истиот ќе биде претставен“, рече Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Пукотница пред израелскиот конзулат во Истанбул, има загинати
Следна Статија Сите судии изземени во Битола, предметот за РЕК и Марковски оди во судот во Струга

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Очекувам инфлацијата да биде под 3%, односно во рамките на она што го проектираме, вели Мицкоски

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека Државниот завод…

February 18, 2026
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2025 развоен, фокусот е на инвестициите, капитални расходи на ниво над 44 милијарди денари

Буџетот за 2025 година ќе биде развоен, но нема да биде занемарена и социјалната компоненета. Капиталните расходи ќе бидат проектирани…

October 28, 2024
ЕКОНОМИЈА

Злато и сребро во возбудлива година со историски рекорди

Цената на златото скокна за повеќе од 60% годинава и достигна рекордно ниво од над 4.549 долари.

January 1, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски од Бутел: По 30 години, полициските службеници добиваат нова полициска станица и соодветни услови за работа

„Благодарам најпрвин на вас медиумите што сте тука денеска со нас да можете да го документирате ова што денеска го…

December 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?