Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: АНБ: Група поврзана со Исламска држава стои зад нападот врз Еврејската заедница во Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > АНБ: Група поврзана со Исламска држава стои зад нападот врз Еврејската заедница во Скопје
BlogМАКЕДОНИЈА

АНБ: Група поврзана со Исламска држава стои зад нападот врз Еврејската заедница во Скопје

Објавено May 2, 2026 13:01
Сподели
Сподели

Агенцијата за национална безбедност соопшти дека лицата поврзани со обидот за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата во Скопје биле дел од радикална групација идеолошки надоврзана на глобалната мрежа на Исламска држава. Случајот, кој се случи на 12 април, сега се третира како антитерористичка операција во која се приведени седум лица, а против дел од нив е поведена постапка за тероризам.

АНБ информира дека, согласно своите надлежности, презела оперативно-технички и аналитички мерки за да ги идентификува мотивите и непосредните извршители на нападот врз верскиот објект. Според Агенцијата, биле идентификувани лица кои се најверојатни извршители, нивната логистичка мрежа и повеќе објекти во Скопје поврзани со случајот.

Во соопштението на АНБ се наведува дека лицата, како дел од радикална групација идеолошки поврзана со Исламска држава, презеле насилни активности непосредно по повик на оваа терористичка организација од почетокот на април. Акцијата за лишување од слобода и претреси била спроведена на 30 април, во соработка со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и Министерството за внатрешни работи.

Министерството за внатрешни работи претходно соопшти дека случајот со обидот за опожарување на верскиот објект на Еврејската заедница во Скопје е расчистен по повеќе оперативно-тактички мерки преземени од Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам, во координација со СВР Скопје и АНБ.

Во рамки на акцијата, извршени се претреси на 13 локации на територијата на Скопје. Приведени се седум лица, а одземени се предмети и електронски уреди поврзани со кривичното дело. По наредба на јавен обвинител, лицата биле задржани за понатамошна постапка.

Според објавените информации од МВР, кривична пријава е поднесена против А.Љ., 21-годишен жител на Скопје, поради основи на сомневање за кривично дело „тероризам“ по член 394-б од Кривичниот законик. Кривична пријава е поднесена и против А.Р., 38-годишен жител на Скопје, за истото дело во врска со помагање. На двајцата им е одредена мерка притвор од судија на претходна постапка.

Обидот за опожарување беше пријавен на 12 април, кога во дворот на верскиот објект на улицата „Апостол Гусларот“ биле забележани канистер за гориво и траги од горење. МВР тогаш информираше дека полициски службеници излегле на местото на настанот и дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Еврејската заедница во Македонија веднаш го осуди нападот и побара целосно расветлување на случајот и доследна примена на законите. Од заедницата оценија дека нападот не е само напад врз верски објект, туку удар врз соживотот, достоинството и заемната почит, предупредувајќи и на растечки говор на омраза и нетолеранција.

Во јавноста претходно беше објавена и видеоснимка од нападот. На снимката се гледаат две лица кои ја прескокнуваат оградата, се доближуваат до влезот на објектот, прскаат запалива течност и фрлаат запален предмет, по што избувнува пожар. Израелската амбасадорка Вивијан Ајзен тогаш го оцени инцидентот како длабоко вознемирувачки антисемитски напад и повика одговорните да бидат изведени пред правдата.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВЛЕН: Договорот за далноводот кон Албанија беше шема за испумпување пари
Следна Статија Маж пронајден починат во стан во Охрид

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски очекува убава вест од САД за Македонија: Тарифите за 64 стратешки производи ќе се намалат на 0 до 6 проценти

Очекувам денеска убава вест, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали очекува поволна одлука за тарифите од…

February 12, 2026
МАКЕДОНИЈА

Почна да се гради нова детска градинка во Гази Баба

Денеска присуствував на поставување на камен темелник за изградба на нова детска градинка во Општина Гази Баба, соопшти премиерот Мицкоски…

November 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сателитска ТВ ќе дели бесплатни ресивери за Македонци во Бугарија како одговор на бугарската кампања кај нас

По информациите дека повторно ќе се доделуваат бесплатни ресивери во Македонија за гледање на бугарски телевизиски канали, македонската сателитска телевизија…

September 11, 2025
Blog

Украина се откажува од доларот, еврото станува нова референтна валута?

Доколку Украина го формализира преминот кон еврото како референтна валута, тоа би бил еден од најконкретните чекори кон монетарна интеграција…

May 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?