Владите на земјите од ЕУ ја разгледуваат можноста поранешниот претседател на Европската централна банка, Марио Драги, или поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, да ја претставуваат ЕУ во преговорите со рускиот претседател Владимир Путин.
Ова денес го објави британскиот весник „Фајненшл тајмс“.
Американската администрација, моментално преокупирана со сопствената војна на Блискиот Исток, ги информираше своите европски колеги дека не е против Европа да разговара со Путин покрај мировните преговори предводени од САД, изјавија добро информирани извори за британскиот весник.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во неделата изјави дека Москва би можела да го продолжи дијалогот со Европа, но ја критикуваше Каја Калас, високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, поранешна премиерка на Естонија, велејќи дека таа не би била соодветна за идните преговори со Москва.
Не би било во интерес на Каја Калас да ја игра улогата на преговарач. Не би било лесно за неа. Ако се сеќавате, Путин рече дека може да биде секој, кој не кажува премногу лоши работи за Русија“, рече Песков.
