Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ангеловска-Бежоска на Балканскиот самит на поранешни студенти: Регионалната соработка како начин за забрзан раст и побрза конвергенција на Западен Балкан
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ангеловска-Бежоска на Балканскиот самит на поранешни студенти: Регионалната соработка како начин за забрзан раст и побрза конвергенција на Западен Балкан
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска на Балканскиот самит на поранешни студенти: Регионалната соработка како начин за забрзан раст и побрза конвергенција на Западен Балкан

Објавено May 27, 2025 13:29
Сподели
Сподели

„За одржлив и инклузивен раст на земјите од Западен Балкан е потребна заедничка соработка, а не изолација“. Ова беше главната порака на гувернерката на Народната банка, д-р Анита Ангеловска-Бежоска, во своето обраќање на Балканскиот самит на поранешни студенти на тема „Градење посилни партнерства за економски раст“, организиран од Македонско-американската алумни асоцијација, на кој присуствуваа и претседателот на Собранието, Африм Гаши, како и заменик-амбасадорката на САД, Никол Варнс.

Гувернерката истакна дека и по три децении на транзиција, доходот во регионот сѐ уште е помалку од половината од просекот во ЕУ, упатувајќи на потребата од зајакнување на потенцијалот за раст, што може да се постигне преку поголема регионална економска интеграција. Потенцијалниот раст во регионот е преполовен од 5% пред светската финансиска криза на 2,5% по неа, додека кај нашата економија забавувањето е уште посилно. „Слабите остварувања во регионот не се резултат само на надворешните шокови, туку и на подлабоки структурни предизвици како што се застојот во продуктивноста, одливот на работна сила и релативно ниските инвестиции“, нагласи гувернерката. Таа рече дека продуктивноста е приближно половина од нивото во ЕУ, дека секој петти граѓанин е иселен од регионот (според ОЕЦД) и дека инвестициите се на ниско ниво, како во износот, така и во квалитетот. Во однос на трговијата во рамките на регионот, таа сè уште е ниска, при што во 2024 година таа учествува со само 11% во вкупната трговска размена на земјите од Западен Балкан.

Во тој контекст, гувернерката нагласи дека регионалната соработка може да биде ефикасен инструмент за надминување на овие слабости, и тоа преку порастот на трговијата, поттикнувањето на странските директни инвестиции, преносот на знаења и технологии и растот на продуктивноста. Како пример го посочи позитивниот ефект од договорот за слободна трговија ЦЕФТА, чиешто спроведување се одрази со пораст на трговијата меѓу членките од околу 74%. Гувернерката го истакна и значењето на иницијативите како Заедничкиот регионален пазар на земјите од Западен Балкан и членството на нашата земја во Единствената област за плаќања во евра − СЕПА, како конкретни чекори кон поголема економска поврзаност. На крајот, таа посочи дека за успешно остварување на овие иницијативи од особена важност е подобрувањето на квалитетот на институциите, со оглед на нивната значајна улога во спроведувањето на реформите, како и користењето на достапната финансиска помош од ЕУ преку Планот за раст.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Спречен нелегален влез на мигранти од Блискиот Исток и Северна Африка
Следна Статија Филипче: Владата живее во меур, економијата е девастирана, стандардот на граѓаните руиниран

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Трговците доставија предлози за намалување на цените на групи производи

Стопанската комора на трговци на големо и мало претежно со прехранбени и непрехранбени производи, пијалаци и тутун, денеска до Владата,…

February 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Можно е лебот повторно да поскапи, предупредуваат мелничарите

Никој со сигурност не може да тврди дека цените на лебот и брашното ќе бидат стабилни, ниту дека пченицата ќе…

July 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Македонското градежништво мора да расте, вели Николоски

Македонското градежништво мора да расте. Првите бројки се многу оптимистички бидејќи првото полугодие споредено со минатата година бележиме раст во…

November 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ворен Бафет официјално се пензионира

Ворен Бафет ги предаде уздите на Беркшир Хатавеј по шест децении на чело, во едно од најзначајните корпоративни наследства на…

January 3, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?