Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ангеловска-Бежоска на Регионалната средба на гувернери на централни банки: Трговските препреки може да се одразат на економиите во регионот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ангеловска-Бежоска на Регионалната средба на гувернери на централни банки: Трговските препреки може да се одразат на економиите во регионот
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска на Регионалната средба на гувернери на централни банки: Трговските препреки може да се одразат на економиите во регионот

Објавено April 3, 2025 17:51
Сподели
Сподели

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, учествуваше на тркалезна маса којашто се одржа на Економскиот факултет во Осиек, во рамките на Регионалната средба на гувернери на централни банки. Во своето излагање, таа истакна дека сѐ поголемиот број трговски препреки може да се одразат врз светските економски текови, како и врз економиите во регионот на Централна и Југоисточна Европа, како економии со висок степен на интегрираност во светската трговија. На настанот, воведно излагање имаше Пјеро Чиполоне, член на Извршниот одбор на Европската централна банка (ЕЦБ).

Според процените на ЕЦБ, доколку САД воведат царини од 25% на увозот од Европа, би се намалил растот на европската економија за околу 0,3 до 0,5 п.п. на краток рок. Доколку Европската Унија (ЕУ) исто така воведе царини, инфлацијата во еврозоната би се зголемила за околу 0,5 п.п. Со оглед на високиот степен на трговија со ЕУ, можни се преносни ефекти и во регионот.

За намалување на овие ризици, од особена важност е водењето претпазливи макроекономски политики и засилувањето на структурните реформи со кои економиите од регионот би ја зголемиле својата отпорност на надворешните шокови и би ја забрзале доходовната конвергенција.

На регионалната средба се разговараше и за важноста на реформите во сферата на прекуграничните плаќања за поттикнување на трговијата, вклучително и на регионалната трговија и економскиот раст. Во нашиот регион, токму членството во СЕПА би придонесло за брз и ефикасен платежен систем со помали трошоци, зголемувајќи ја конкурентноста на нашата економија.

На гувернерската тркалезна маса, покрај гувернерката Ангеловска-Бежоска, учествуваа и гувернерот на Хрватската народна банка, Борис Вујчиќ, в.д. гувернерот на Банката на Словенија, Примож Доленц, гувернерката на Централната банка на Црна Гора, Ирена Радовиќ и гувернерката на Централната банка на Босна и Херцеговина, Јасмина Селимовиќ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Можно е да се ограничи доаѓањето на работници од Западен Балкан во Германија
Следна Статија Мицкоски: Македонските државни интереси треба да бидат појдовната точка во разговорите за секое прашање

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Премиерот Мицкоски ќе ја посети фабриката „Кромберг и Шуберт“ во Битола

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, денеска ќе ја посети фабриката „Кромберг и Шуберт“ во Битола, а потоа ќе изврши увид…

July 9, 2026
ЕКОНОМИЈА

Во тек се преговори за „Рајанер“ да лета од Скопје

За време на неодамнешната посета на Лондон, македонските власти оствариле важна средба со раководството на ирската нискобуџетна авиокомпанија „Рајанер“ (Ryanair),…

May 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Од полноќ поскапуваат горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за нови малопродажни цени на горивата, која стапува на сила вечерва на полноќ. Бензините…

December 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Владата не сака репресивни мерки, но дел од маркетите не се корегираат, во првиот квартал законски измени

Во првиот квартал од годинава се очекува да бидат поднесени до Парламентот законските измени со кои ќе се зголемат глобите…

January 4, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?